Лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за Телма вели дека зачестените нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз него, денеска и како градоначалник, претставува продолжување на нивната „гнасна кампања“.
По долгогодишна ескплоатација на еден вид напади врз СДСМ, тие сега бараат „ново сениште“, вели Заев. Тој нагласува дека сепак, СДСМ е преокупирана на својата програма, а не со ВМРО-ДПМНЕ и дека работат на тоа на граѓаните да им понудат нови перспективи, нова иднина, нешто поразлично од она што повеќе години го нуди ВМРО-ДПМНЕ, а поради што земјата назадува, а граѓаните се се` повеќе незадоволни и посиромашни.
-Доколку нешто не е во ред со јавните набавки во Струмица, бидете сигурни дека оваа власт, која не е толерантна, веќе ќе имаше започнато со апсења, а немаше да се занимава со пропаганда преку партиски прес-конференции, изјави Заев.