Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, денеска остварил средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. За средбата информираше министерката Захариева на нејзиниот фејсбук-профил.
-Мојот тим и јас денеска имавме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер (1998-2002) Љубчо Георгиевски“, напиша Захариева.