Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Захарова за забраната за прелет на авионот на Лавров до Белград: Егоистични сте

0
By Sashko on June 6, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државите кои ја опкружуваат Србија го затворија небото за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и на тој начин затворија уште еден канал за комуникација, рече портпаролката на Министерството, Марија Захарова, истакнувајќи дека Москва не е таа која прави нова „железна завеса“, туку Европа е таа која ја оградува Русија.

Захарова за италијанскиот ТВ канал „Ла7“ рече дека земјите кои ја опкружуваат Србија го затвориле каналот за врска, не дозволувајќи прелет за авионот на Сергеј Лавров кој се подготвуваше за посета на Србија.

„Руската делегација требаше да во Белград поради разговори. Земјите членки на Европската Унија и на НАТО го затворија воздушниот простор, со што истовремено затворија уште еден канал за комуникација“, рече таа и нагласи дека Русија нема намера да подигнува „железна завеса“, но дека тоа го прави ЕУ, пренесува „Спутник“.

„Железна завеса ќе нема, во крајна мера од наша страна. Не мора да се грижите. Европската Унија е таа која ја оградува Русија. Вашите грешки се во тоа што сте премногу егоистични, што мислите дека во центарот на светот и дека покрај вас нема други народи. Немате морално право да учите некого на нешто“, истакна Захарова.

Агенцијата „Ројтерс“ вчеравечер, повикувајќи се на Интерфакс, најави дека посетата на Лавров на Србија е откажана, бидејќи земјите во опкружувањето на Србија го затвориле својот воздушен простор за неговиот авион.

Извор во руското МНР ги потврди пишувањата на српските медиуми во кои се наведува дека Бугарија, Македонија и Црна Гора го затвориле своето небо за прелет на авионот на Лавров до Белград.

За вечерва во 19.30 часот е најавено обраќање и на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.