Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заканите кон новинарите поминуваат неказнето

0
By Нова ТВ on November 28, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Борис Гојковиќ, Јужне вести, Србија

Четири години откако полицијата и обвинителствата на југот на Србија ги пријавија првите случаи на закани упатени кон новинари, а во меѓувреме ги имаше повеќе од десет, за тоа правосилно е осуден само еден човек и тоа оној кој сам призна. Новинари и граѓански активисти ја обвинуваат власта дека преку влијание на правосудството ги стимулира заканите врз новинарите.

Неодамнешната одлука на Првото основно обвинителство во Белград да отфрли кривична пријава против насилниците кои во текот на инаугурацијата на Александар Вучиќ давеа и малтретираа новинари, обвинувајќи ги самите новинари дека се обиделе да испровоцираат судири, привлече доста внимание од јавноста, но за жал само едно во низата спорни одлуки на полицијата, обвинителствата и судовите.

После само неколку денови, јавноста дозна дека и за пресудата на Врховниот касационен суд , на предлог на Републичкото обвинителство, двајца граѓани се ослободени од обвиненија за закана на новинари, со образложение дека „не си играј со оган“ или „скрати го јазикот додека не биде доцна“ всушност не се закани.

Доскорешниот претседател на Независното здружение на новинари во Србија и уредник на Врањски новини, Вукашин Обрадовиќ како еден од проблемите за ваквата ситуација ја гледа во политичкото влијание на власта. Тој смета дека „судската власт кај нас ја изгубила самостојноста, а последица на тоа е ширењето на политички контекст и прелевање на правосудството“.

Дури и во неколку ретки случаеви, во кои насилниците се неправосилно осудени, казните кои ги добиле биле под законскиот минимум.

Однесувањето на судството и обвинителствата е последица на атмосферата во која новинарите, пред се оние кои критички известуваат, станаа мета на многу важни субјекти на општествената и политичка сцена. Во таква ситуација судовите кои, повторувам, не се самостојни, туку се во голема мера зависни од луѓе кои креираат ваква атмосфера, носат такви одлуки – вели Обрадовиќ.

Пораката е јасна: „Слободно заканувајте се“

Пораката која власта постојано ја испраќа, додава Обрадовиќ, е дека новинарите, барем оние кои ја критикуваат власта, се нечесни, лажат, земаат пари за да работат против својата земја, и да тоа важно влијае на одлуките на судовите и обвинителствата.

Вукашин Обрадовиќ

Кога таквата порака се испраќа на судиите кои завист од таа иста политичка власт, не можеме да очекуваме пресуди за напади на новинари. А понатаму, отфрлањето на кривични пријави, ослободувачките пресуди или ретките, а притоа благи казни, наместо да се казнат сторителите, тие праќаат дополнителен импулс на нападите и всушност новинарите стануваат легитимна мета на секој кој е незадоволен од нивното пишување – вели Обрадовиќ.

Засега не постојат прецизни податоци за бројот на закани на новинарите, па ни за евентуални пресуди поради тоа. Податоците на Републичкото јавно обвинителство и новинарските здруженија по многу се разликуваат. Сепак, новинарката на КРИК, Марија Вучиќ вели дека по она што е достапно на јавноста, видлива е тенденцијата дека на новинарите може да им се заканува, а да нема казни.

Марија Вучиќ

Ваквите одлуки на истражните и правосудните органи повеќе се правило отколку исклучок, па се стекнува впечаток дека државата воопшто и не сака да ги заштити новинарите. Нејзе всушност и одговараат само исплашени и обесхрабрени новинари, ако веќе мора да ги има, такви кои нема ништо да прашуваат и кои сите ќе ги напаѓаат од сите страни – од државниот врв преку локалните моќници, криминалци, параполициски партиски сили, до обични граѓани – вели Вучиќ.

Во ваква ситуација, и на новинарите и на насилниците им се праќа јасна порака.

Со вакви пресуди, насилниците ама баш ништо не ги спречува да малтретираат повторно. Знаат дека веројатно нема да понесат никакви последици, бидејќи институциите на системот се на нивна страна – вели Вучиќ.

„Граѓаните збунети“

И покрај многу загрижувачките одлуки на обвинителствата и судовите, граѓанската активистка Маја Стојановиќ смета дека дополнителен проблем е тоа што граѓаните се збунети и не знаат кому да веруваат, па не прават разлика помеѓу провладини и независни медиуми.

Маја Стојановиќ

Денес биеме две битки, прво да објаснеме дека државните, продржавните и провладините медиуми вршат пропаганда, а потоа да се избориме и за улогата на независните медиуми – вели Стојановиќ.

Загрижувачка статистика – не се знае ни што е закана

Заканите врз новинарите драстично се интензивираа со промената на власта во Србија, во јули 2012 година. Само на југот на Србија, забележани се неколку сериозни случаи.

– април 2013 година – Група функционери на СНС, меѓу кои и директорот на Градската топлификација и претседател на Одборот за безбедност на СНС, се закануваа на новинарот и уредник на Јужне вести, Предраг Благојевиќ. Основниот и виш суд во Ниш, заклучија дека станува збор за „сериозни закани“ и сите тројца ги осуди на по шест месеци условна казна затвор, но Врховниот касационен ги преиначи тие пресуди и прво го ослободи едниот, а потоа и другите двајца – заклучуваќи дека воопште не било збор за закани.

– март 2014 година – функционер на СНС, Бојан Маринковиќ нарекуван Бојзи, незадоволен од критичките текстови за нишкиот Водовод, се јавил на уредникот Предраг Благојевиќ и му упатил сериозни закани. На почетокот на 2016 година, тој го призна кривичното дело и правосилно е осуден на условна казна затвор од три месеци.

– декември 2014 година – Син на висок функционер на СНС во Лесковац, јавно на Фејсбук порачал на новинарот на Јужне вести, Драган Маринковиќ „Новинарче, би ти дал куршум во чело“. Основниот обвинител најпрво тврдеше дека пораката не била воопшто упатена на новинарот, потоа дека тоа не е во доменот на обвинителството, додека Вишото обвинителство заклучи дека воопште не е закана, затоа што не рекол „ќе ти дадам куршум“, туку „би ти дал куршум“.

– јануари 2015 година – Службеник на градската Дирекција за јавен превоз, наводно изреволтиран од начинот на кој Јужни вести известувале за наместениот тендер за градски превоз во Ниш, порачал на новинарите дека „треба да се запалат“. Сепак, Вишиот суд во Ниш, во јули 2016 го ослободи, заклучувајќи дека спорната порака „не е закана, туку слобода на говор“.

– март 2015 година – Од телефонскиот број на претседателот на Окружниот одбор на СНС, Топлиќ Дарко Лакетиќ, на новинарката на Јужни вести, Билјана Рогановиќ и стигнала порака. Сепак, после двегодишна истрага Обвинителството соопшти дека постапката е застарена, поради тоа што полицијата не успеала да утврди кој точно и ја испратил заканувачката порака на новинарката.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.