Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е закажана за 19 ноември 2025 година, со почеток во 09:30 часот во судницата на КПУ „Идризово“.
Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека обвинителниот акт, кој првично беше поднесен од ОЈО Кочани, а потоа по одлука на Јавниот обвинител на Република Македонија пренесен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, е одобрен во целост.
Според судот, предметот согласно АКМИС-системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска.
Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава.