Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заокружен твининг проектот за развој на цивилното воздухопловство

0
By НОВА ТВ on October 25, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преземени се активности за усогласување на домашното законодовство со прописите на Европската унија  во областа на воздухопловството и унапредени се оперативните и техничките капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку твининг лајт проектот „Поддршка за учество во ЕЗВО-Европска заедничка воздухопловна област“, што беше заокружен денеска со онлајн конференција.

Целта на проектот, финансиран од ЕУ, што го спроведе Хрватската агенција за цивилно воздухопловство  со Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, како твининг партнер, беше да се поддржи развојот на цивилното воздухопловство во државава во согласност со меѓународните стандарди и acquis на ЕУ во областа на воздухопловството.

-И покрај предизвиците предизвикани во текот на проектот од пандемијата на вирусот КОВИД-19 и двата партнера изразија голема посветеност и флексибилност во прилагодувањето на „новата реалност“. Резултат на тоа беше успешното спроведување на проектот и постигнувањето на сите планирани цели и резултати, велат од АЦВ.

-Усогласување на регулаторната рамка за примена на важечките стандарди во областа на летечки операции, пловидбеност, лиценцирање на персонал и аеродроми со Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и acquis на ЕУ; зајакнување на оперативниот капацитет на АЦВ за спроведување на Регулативите на ЕУ во областа на пловидбеност, лиценцирање на персоналот, летечки операции и аеродроми преку развој на соодветни работни процедури и упатства, како и зајакнување на техничкиот капацитет на раководителите, инспекторите и административниот персонал со цел да се исполнат безбедносните услови на ИКАО и ЕУ, се постигнатите резултати во трите компоенти од проектот.

Постигнати резултати ги претставија лидерите на проектот од Хрватска, Златко Ширац и од државава Маја Васкова-Ќулавковска, кои ја истакнаа и важноста за зачувување на неговата одржливоста потврдувајќи ја организациската одговорност и на двата партнера, постигнатите резултати и придобивки да останат вградени во македонскиот систем за цивилно воздухопловство.

Во име на Стефен Худолин, шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, на конференцијата се обрати Мануела Манолис која ја нагласи важноста на меѓусебната соработка помеѓу ЕУ и државава во однос на продлабочување на интеграциските процеси и олеснувањето на приближувањето на регулаторните и оперативните рамки во областа на воздухопловството.

Вонредната и ополномоштена амбасадорка на Република Хрватска во државава Нивес Тигањ, пак, порача дека овој успешно спроведен проект претставува афирмација на професионалните способности на Република Хрватска за постојана поддршка на напорите на земјата корисничка на европскиот пат, додека директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев изрази голема благодарност на Европската Унија и Хрватската агенција, како двигатели на напредокот и одржливоста на македонското цивилно воздухопловство.

Со проектот, што започна во ноември 2019 година, на Хрватската агенција за цивилно воздухопловство ѝ беа доделени 250 000 евра од фондовите на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.