Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западен Балкан работи на намалување на бројот на жртви на патиштата, ЕУ со амбиција до 2050 година со нула жртви

0
By Ivana on December 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од илјада жртви има на патиштата во Западен Балкан, а за поголема безбедност и намалување на бројот на сообраќајни несреќи потребен е сеопфатен пристап во кој ќе биде вклучено целото општество – од политичарите до граѓаните.

Во земјава, според Националната транспортна стратегија, се предвидува до 2030 година да се намали бројот на жртви на патиштата за 50 проценти, а во завршна фаза е и процесот на формирање агенција за безбедност на патишта која ќе биде извршно, а не советодавно тело.

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во земјава има тренд на намалување на бројот на сообраќајни несреќи, но тој треба да продолжи, а тоа зависи од сите чинители во општеството.

Од Секретаријатот на Транспортната заедница и од Европската унија сметаат дека формирањето на Агенцијата за безбедност на патиштата е неопходно за поголема безбедност на патиштата.

– Повеќе работи играат улога како што се патната мрежа, исправноста на возилата и инспекторатот кој треба да си ја врши работата. Го поздравувам формирањето на Агенцијата за безбедност на патиштата која ќе биде еден субјкет кој ќе ги опфати сите овие аспекти. Меѓутоа треба да го спомнеме и однесувањето на граѓаните како учесници во сообраќајот без оглед дали се пешаци или возачи. Сите треба да бидеме свесни и да ги почитуваме правилата, вели Штефан Худолин од Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија.

Амбициите на Европската унија се до 2050 година бројот на жртви на европските патишта да се сведе на нула.

– ЕУ ги има најбезбедните патишта во светот. Постојат одредени разлики меѓу државите, но во целина гледано, ЕУ ги има најбезбедните патишта. Имаме амбициозни цели и сакаме до 2050 година да го сведеме бројот на жртви на нула. Тоа не сакаме да го оствариме сами, туку да го влучиме и регионот и Северна Македонија, порача Худолин.

Според директорот на Секретеријатот на Транспортната заедница, Матеј Законшјек, мора да се создаде безбеден систем со кој ќе се намали бројот на жртви на патиштата во Западен Балкан. За тоа, смета тој, потребено е интегрирање на целото општество.

– Мора да ги подобриме условите преку создавање на еден безбеден систем. Не велам дека нема да се случуваат сообраќајни несреќи, но кога ќе дојде до такво нешто, да не биде последено со сериозни повреди и загуба на животи. За да можеме да го потигнеме тоа, потребно е целото општество. Безбедноста на патиштата не е нешто што се однесува на чиста среќа. Тоа е нешто што е во нашите раце, рече Законшјек пред вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан, што денеска се одржува  во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.