Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западните сили имаа желба но не и идеја како да се надмине балканскиот лет во место

0
By Ivana on February 10, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Ја потврдивме и нашата посветеност да ја завршиме работата за интегрирање на Западен Балкан во европските институции и конечно да ја оствариме” изјави Џо Бајден по средбата со гермаскиот премиер Олаф Шолц. Што значи оваа изјава за нас?

Анализа на Борјан Јовановски

Кога лидерите на две држави како САД и Германија имаа средба е важна вест. Уште поважно, кога станува збор за Балканот е ако на таа средна стане збор за овој регион и неговата европска перспектива. Тоа и се случи на средбата која Џо Бајден и Олаф Шолц ја имаа неодамна во Вашинготн.

Премиерот Шолц и претседателот Бајден  разговарале и за предизвиците со кои се соочуваат во меѓународниот поредок од Кина, заедно со Русија „и другите конкуренти што се стремат кон понелиберална иднина“.

„Ја потврдивме и нашата посветеност да ја завршиме работата за интегрирање на Западен Балкан во европските институции и конечно да ја оствариме онаа Европа што е цела, слободна и во мир“, изјави по средбата претседателот Бајден.

Но дали ова заложба од вака високо ниво значи некаков нов квалитет и динамика во анестезираниот евроинтеграциски процес на Балканот.

“Тие признаваат дека работите не одат добро во процесот на пристапување на Балканот. За жал, тие не знаат што да прават во врска со тоа. Србија и Црна Гора денес не се поблиску до пристапување отколку пред пет години. Косово и Босна ги нема никаде. И дури и ако на Албанија и Северна Македонија конечно им се дозволи да отворат разговори – по години на неправедна опструкција – тие ќе страдаат од нефункционален процес без реална цел на повидок. Доколку ова не се промени, а би требало брзо да се стори, стабилноста на регионот останува во опасност” вели за НОВА, Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност.

Изјавата на Џо Бајден се оценува како охрабрувачка но не и доволна бидејќи останува отворено прашањето како да се дојде до оваа цел.

“Тоа е многу јавен знак на високо ниво за да се сигнализира конвергенцијата на Германија и САД на Балканот. Иако охрабрува, клучното прашање е што значи тоа во смисла на суштина. Имам чувство од изјавата дека можеби се работи за неколку области од надворешната политика каде и Германија и САД во моментов работат заедно. Значи, можеби е повеќе за да се каже што постои, а не за амбиција за повеќе” изјави за НОВА, добриот познавач на регионалната динамика на европските итеграциски процеси, професорот Флориан Бибер.

Слична е и оценката на Јанис Армаколас од тинк тенкот Елиаеп кој укажува на отсуство на конкретни идеи за реализирање на овие вербални заложби од вака високо ниво.

“Зборовите на претседателот Бајден „Исто така, ја потврдивме нашата посветеност за завршување на работата за интегрирање на Западен Балкан во европските институции…“, е добредојдена изјава”  тие беа изречени без причина на оваа средба на врвот која беше фокусирана на Украина и европската безбедност а не Западен Балкан. Регионот  сам по себе ја има својата вредност, но не можеме и  не треба, да читаме премногу во оваа изјава, едноставно затоа што само вербални изрази на поддршка за регионот повеќе нема да бидат доволни. И за Американците и за клучните Европејци, веќе извесно време, проблемот не е да се кажат вистинските зборови туку да се даде вистинскиот тон, кога станува збор за Западен Балкан. Главниот проблем беше што тие не ги поткрепуваат своите зборови со соодветни политички мерки, нови идеи и храбри иницијативи кои ќе обезбедат регионот да се врати на патот на стабилност, демократија и целосна интеграција во западните институции. Очајно се потребни ефективни политички интервенции во Босна, во односите Косово-Србија, кога станува збор за европската интеграција на Албанија и Северна Македонија, како и на голем број други политички фронтови” изјави за НОВА, Јоанис Армаколас.  

Како проблем за реализација на полатичките заложби на влијателните западни држави за европската интеграција на регионот, Армаколас ја посочува поделеноста во самата ЕУ по разни стратешки прашања вклучително и тоа за европската интеграција на Западниот Балкан.

“Она што ги комплицира работите кога станува збор конкретно за европската интеграција е тоа што на прашањето за проширувањето ја гледаме истата внатре-ЕУ поделба што ја гледаме и за прашањето за Украина и одговорите на агресивноста на Русија. Централноевропските држави, кои се согласуваат со Вашингтон, сакаат поостра политика кон Москва и решително зајакнување на нивната безбедност. Од друга страна, клучните западноевропски земји ги отфрлаат овие заложби и се надеваат дека Русија ќе се повлече од бездната на инвазијата против Украина и ќе се согласи да соработува со Западот. Слично на тоа, забележуваме дека централноевропејците ја препознаваат важноста од продолжување на европската интеграција на Западен Балкан со полна пареа, додека клучните западноевропски нации се чини дека не сакаат да ги ревитализираат надежите за пристап на малите балкански народи. Но, како што стана јасно за Северна Македонија по потпишувањето на Договорот од Преспа, на Западен Балкан му треба моќна политичка волја и специфична акција од страна на сите земји-членки на ЕУ, вклучително и клучните западноевропејци, за да се остварат нивните надежи за пристап во ЕУ” вели Јоанис Армаколас.

Според него украинската криза би требало да биде аларм за будење за западните сили околу балканскиот лет во место но сем заложбите од вака високо ниво засега не се препознава дефиниција на конкретни механизми за нивна реализација.

“Еден оптимист би ги положил своите надежи дека украинската криза ќе стане повик за будење за западните сили, исто така, во Западен Балкан. Но, засега нема индикации дека нешто се променило во познатиот западен модел на политика. Доколку не видиме јасни знаци за таква промена на политиката, можеби ќе продолжиме да се надеваме, но не можеме да бидеме преголем оптимисти за целокупната ситуација во Западен Балкан, ниту за здравјето на неговата европска перспектива“ изјави за НОВА, Армаколас.

Изјава на Бајден не пробуди поголем оптимизам ниту кај поранешниот шеф на македонската дипломатија и вицепремиер за европски интеграци Никола Димитров.

“Заедничката јавна заложба на Вашингтон и Берлин да се заврши работата со евро-интеграцијата на Балканот е одлична вест. Визијата за европската иднина на регионот нема алтернатива. Работата не само што не е завршена, туку низ Балканот значително паѓа довербата дека ЕУ навистина сака да го интегрира регионот. Речиси и да нема крупен чекор напред, по зачленувањето на Хрватска во 2013 година. Тоа што нам сега итно ни треба, е јасна и опиплива кредибилна понуда од ЕУ. Сега на Балканот му треба акција. Охрабрувачките зборови се добри, но после толку изгубени години, веќе не се доволни”, вели Димитров.

Прашањето за интеграцијата на Западниот Балкан и кредибилитетот на ЕУ по средбата на Бајден и Шолц се отвори и во германскиот бундестаг.

Пратеникот од редовите на сега опозициската ЦДУ, Кнут Абрахам  предупреди на ургентноста за враќање на кредибилитетот на ЕУ и процесот на проширување како клучен механизам за трансформација на општествата.

„Со оглед на тензиите во Источна Европа, ЕУ не може да си дозволи да изгуби повеќе влијание на Балканот. Добро е што германската влада ја поддржува европската перспектива на шесте земји од Западен Балкан. Би било подобро германската влада да исто така се обврза да користи конкретни идеи за враќање на кредибилитетот на процесот на проширување, бидејќи последните извештаи на земјата од Европската комисија, објавени во октомври 2021 година, јасно покажуваат дека процесот е во длабока криза и дека во моментов речиси и да нема никаква мотивација за реформи во случајот на Босна и Херцеговина и Косово. Не може да се предвиди кога и дали некогаш ќе се одржат пристапните преговори Северна Македонија и Албанија добија официјален кандидатски статус во 2005 и 2014 година и со години се заглавени без своја вина Црна Гора и Србија, исто така, преговараат од 2012 и 2014 година, соодветно и не затвориле преговарачко поглавје со години сè уште со постигна вистински напредок. Со оглед на растечките тензии во Западен Балкан, постои итна потреба да се врати кредибилитетот на процесот на пристапување, да се развијат концепти за него и да се промовира во ЕУ и во Комисијата” изјави германскиот пратеник Кнут Абрахам.

Во меѓувреме на Балканот ништо ново. Аспирациите за интеграција се и понатаму живи но нивната улога во трансформацијата на општествата станува се побезначајна паралелно со постојаниот пад на кредибилитетот на ЕУ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.