Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во судот на Менхетен на историско кривично судење за поткуп на порно ѕвезда, кое може да трае со недели и да го искомплицира неговиот обид да се врати во Белата куќа. Трамп е првиот поранешен претседател на САД кому му се суди за кривично дело.
Тој мора да биде присутен на судењето во Менхете кое може да трае цел мај. Трамп се изјасни за невин и тврди дека е прогонуван од политички причини. Обвинителите на државата Њујорк го обвинуваат за фалсификување документи за да ја прикрие исплата од 130.000 долари кон крајот на претседателската кампања во 2016 година за да купи молк од порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивната кратка афера во 2006 година, за која таа тврди дека се случила, а Трамп негира.