Почна пресретнувањето на иранските беспилотни летала, јавуваат израелските медиуми.
Откако Иран испука десетици беспилотни летала камикази кон Израел, нивното пресретнување започна над сирискиот и јорданскиот воздушен простор.
Претходно Јордан соопшти дека го затворил сопствениот воздушен простор поради иранскиот напад и додаде дека воздушната одбрана на земјата исто така ќе биде подготвена да пресретне секое иранско беспилотно летало или авион во нејзиниот воздушен простор.
Ирански напад врз Израел се очекува веќе неколку дена, откако Израелците го погодија иранскиот конзулат во Сирија.
Израелските власти претходно изјавија дека се подготвени да се одбранат и дека очекуваат ирански напад. Во таа насока, тие забранија собири низ целата земја.