Тори дел Бенако: Повеќе од 300 луѓе се хоспитализирани, а многу други страдаат од дијареа, гадење, грчеви или треска по појава на Норовирус во општината Тори дел Бенако на езерото Гарда во северна Италија, соопштија властите.
Повеќе од 900 случаи се регистрирани во таа општина на источниот брег на езерото, инаку популарна дестинација за одмор за Италијанците, но и за странските посетители. Се претпоставува дека вирусот се шири преку пиење вода од чешма.
Општинските власти им наложија на луѓето да купуваат флаширана вода, а чистата вода се дели бесплатно.
Весникот вели дека се верува дека избувнувањето на вирусот е поврзано со високите нивоа на езерото по обилните дождови во последните недели, кои го преоптоварија канализациониот систем. Засега нема официјална потврда за ова.
Општината вообичаено има само 3.000 постојани жители, но сега прима и многу туристи.
Норовирусот е многу заразен, но обично краткотраен.