НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заробени медиуми: Скандалозна пресуда на судиката Весна Калковска

0
By Нова ТВ on May 24, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Ерол Ризаов

Деновиве падна уште една скандалозна судска пресуда која убаво го отсликува режимот на Никола Груевски и на ВМРО ДПМНЕ. Искусната судика Весна Каловска по речиси пет годишен судски маратон, кој го водea тројца судии, конечно го оконча во граѓанска постапка и донесе пресуда на која може да позавиди и Соломон. Како една од карактеристиките од ерата на груевизмот во Македонија овој судски процес, а особено пресудата еден ден ќе се изучува на правните факултети како сигурен предзнак на диктатурите и целосната зависност на судството од страховладите, а одлуката на судиката е особено инспиратривна и за добра литература и сатира блиска на „ Јазовецот пред суд“ на Петар Кочиќ. Сторијата започнува на 18 декември 2009 година кога весникот „Вечер“ спектакуларно откри во анонимен текст кој се грчките платеници во Македонија. Одговорниот според законот за оваа тешка клевета веднаш како кукавица го избегна судот и рече јас не сум автор на овој текст. Се јави доброволно јунак и големиот патриот директорот на весникот и рече храбро пред Судот јас го напишав ова и јас стојам зад ова херојско дело. На крај се јави шепкачот на ВМРО ДПМНЕ во судот и рече никој не е виновен. Судијата пресуди нема докази кој е автор. Текст има, автор нема , казна нема . Кој не е задоволен може да се жали на повисока инстанца во судовите на вождот Никола Груевски.

Поучна сторија за судството и новинарството

Еве ја оваа поучна сторија за македонското новинарство и судство. Значи, еден слободен новинар во независната редакција „Вечер“ во очи на Новата 2010 година дошол самостојно до големо откритие. Ги фатил живи грчките платеници и домашни предавници кои одработуваат за големи пари Македонија да се откаже од своето уставно име. Се разбира, слободоумниот новинар седнал и овој свој голем подвиг го напишал со сите нишани и докази со кои располгал. Вели:

…„ Грција ги плаќа нивните, а во Македонија своите новинари за да помине грчкиот предлог“….„ во Македонија се плаќаат новинари за ширење на пропаганда со која би се помогнало прифаќање на грчките предлози за промена на името на земјата“…. двата кратера се платени да помине грчкиот предлог за рушење на македонизмот. Еден од кратерите е организиран од Фондацијата Сорос.Оваа фондација плаќа од нив одбрани новинари како Никола Гелевски, Бранко Геровски, Владимир Милчин, Ивица Антевски, Маја Бојаџиевска, Џабир Дерала, Лидија Димова, Гордана Дувњак, Ѓунер Исмаил, Жарко Јордановски, Ема Маркоска Милчин, Ида Протуѓер, Ерол Ризаов, Билјана Секуловска… “ И двата кратери имаат една цел- притисок врз македонската Влада да се постигне договор со Грција, по секоја цена. Новинарите од двата кратери вршеа притисок за одреден хонорар, односно големи пари“……„јас лично сум автор на овој текст заедно со мојата колешка Билјана Зафирова, која е новинар во дневниот весник Вечер. За да бидам појасен, јас и колешката Билјана Зафирова заедно го составивме текстот на написот, а потоа јас го одобрив, односно авторизирав за да може да се објави… Јас стојам зад текстот и се што е објавено во него.“

Така Латас е ослободен од оптужбата. Така заврши првиот чин од сускиот процес платениците против патриотите.

Заклетвата во првиот чин не важи во вториот

Нормално, потоа почна нов процес против херојот што застана зад текстот дека тоа е негово дело. Арно ама и овој јунак како оптужен ја смени плочата и неговата храброст издиша како тракторска гума. Тоа што го зборувал Богдановски -Андревски под заклетва како сведок во првиот чин, не важи во вториот како обвинет. Големиот јунак почна да пелтечи и ја фрли целата вина врз новинарката Зафировска, тврдејќи дека таа е единствен автор на текстот. И Бобан како Латас се покажа како голем мажиште. Нема што. Новинарката Билјана Зафирова како сведок пред судот целосно го негираше авторството на текстот и нејзино учество во подготовка на текстот.

По безброј одлагања и ескивирања на судот херојот што тврдеше дека тој лично стои зад текстот и дека тој е автор, успеа да го убеди судот дека автор, всушност, нема, а кога нема автор нема ни виновници. Текст има , груби невистини и клевети има, ама во судот на Никола Груевски и на ВМРО ДПМНЕ тоа не значи ништо. Ете, оваа е една од многубројните судски фарси кои го одбележуваат ова време на заробените медиуми и новинари.

Судиката што го водеше процесот, Весна Калковска, на едно од судењата искажа убва мисла дека на секој човек подеднакво му е важен угледот и честа. Се согласувам со тоа. Но, сепак, има професии во кои угледот и честа се главен предуслов не само за успехот во работата и егзистенцијата, туку и за угледот и стабилноста на целото општество. Меѓу тие професии секако се новинарството и судството, односно судиите и новинарите. Кога некој ќе ве наклевети јавно преку медиумите дека сте грчки платеник за едно од најчувствителните прашања во Македонија, името на државата, и кога тоа трае со години целиот ваш труд, углед, работа и достигнувања се згазени. Кога, пак, судот тоа ќе го потврди на еден скандалозен начин дека не се знае кој е автор на оваа тешка клевета и дека со таквата пресуда таа и натаму има право на граѓанство и слободен пристап до јавноста, тогаш судијката Весна Калковска грубо згазна врз правдата и врз угледот и честа на луѓето кои цели пет години чекаа да победи правдата и да се симне срамот од нивниот образ, да се симне анатемата од нивното творештво и работа. Судот направи поголема неправда отколку клеветниците со бавното судење и со срамната пресуда. Нека Ви служи на чест г-ѓо Калковска. Ќе има со што да се гордеат вашите потомци.

Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.