Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заслугите на политичарите поважни од инвеститорите

0
By Сашка Цветковска on September 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кој ги донел холандските инвеститори се чини дека е главното прашањето со кое деновиве е окупирана (волно или неволно) македонската јавност. Дали инвестицијата е струмичка или владина? Дали заслугите треба да ги понесе градоначалникот на Струмица и лидер на опозицијата Зоран Заев или, пак, тимот на Владата заедно со премиерот Никола Груевски и лидер на ВМРО ДПМНЕ и министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак.

Прв почна Зоран Заев кој се пофали дека холандска компанија која се занимава со расад на цвеќе ќе инвестира во Струмица и ќе вработи 250 луѓе.

-Се работи за голема светски рангирана компанија од Холандија која ќе одгледува цвеќе, под вештачки услови, во форма на расад. Оваа компанија, по барање во седум други земји и на 17  различни места во државата, се одлучи да инвестира тука, заради поволностите кои им ги нудиме на странските инвеститори“, рече Зоран Заев, градоначалник на Струмица на 30 Август годинава.

Медиумите еден по друг ја пренесуваа веста закитена со насловите „Заев најави инвестиција на холандска компанија за расад за цвеќе“ или „Холандска инвестиција во Струмица“. Но, насловите се сменија за час откако ВМРО ДПМНЕ „го возврати ударот“. Едноставната информација за типот на инвестиција и бројот на вработени луѓе ја отвори вратата на ново поле за политички битки, па веднаш добивме и нови наслови „Инфраструктурата за холандската инвестиција е изградена со пари од Владата“ или Заев ја лаже јавноста и се кити со туѓи пера.

-Некоректни и неточни се тврдењата на градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ Зоран Заев кој се обиде да прикаже дека е негова заслугата за новата холандска инвестиција во струмичко. Целата инфраструктура  која што ќе ја користат холандските инвеститори е изградена пред три години од страна на владата, реагираше заменик-министерот за економија Христијан Делев.

Се разбира, битката за заслугите не заврши со прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ. Напомош во расветлувањето на „светите“ факти за тоа со кого точно инвеститорот си дал збор мораше да биде повикан и амбасадорот во Холандија Никола Димитров. Не остана „покусо“ ниту општина Струмица, па денеска на прес конференција повторно се „излагаа докази“ за тоа кој го полага правото да се фали со донесената инвестиција.

За заслугите се одеше на мегдан и со странски амбасадори

Четиридневата сага за заслугите за странската инвестиција потсетува на една друг сличен конфликт од 2008 година. Министерот Веле Самак се препираше со тогашниот француски амбасадор Бернар Валеро околу тоа чии се заслугите за доаѓањето на најавениот инвеститор од Франција „Монтипе“. Главната разлика со актуелнава расправија е во резултатите – „Монтипе“ тогаш се откажа од инвестицијата.

„Амбасадорот Валеро се кити со туѓи перја”!  гласеше насловот во магазинот „Капитал“ во чиј текст Веле Самак го обвини амбасадорот Валеро дека тој сакал нечесно да си ги прибере заслугите за француската инвестиција.

-Жалосно и крајно непрофесионално е кога некој, а поготово амбасадор на европска земја, се кити со туѓи перја со цел да се замаскира друга политичка реалност, а притоа се објавуваат неточни информации кои можат да нанесат директна штета на фирмата чија одлука ја присвојуваат, рече Самак во Јули 2008 година, а изјавата беше реакција на претходно интервју на амбасадорот во истиот медиум.

-Што се однесува до инвестициите, работите полека се подобруваат. Во 2007 година доаѓањето на Сосиете Женерал беше еден вид двојна инвестиција- едно со самото доаѓање на овој банкарски бренд и второ со ширење на експозитурите и вработување на нови луѓе. Ако се соберат сите овие работи ќе се види дека тоа е втора по големина инвестиција во Македонија.  Долго работевме и на еден друг проект, тоа е договорот со Монтипе – компанија која произведува автомобилски делови. Договорот веќе е потпишан и проектот, во вредност од 100-150 милиони евра, ќе почне да се реализира идната година. Се разбира дека работиме и со други инвеститори, иако е рано да се најавуваат конкретни имиња”, изјави Валеро една недела пред Самак да ја започна „битката за заслугите“.

Власта си обезбеди наслови во сите медиуми кои наголемо ја покриваа „лагата на странскиот амбасадор кој сакал да се кити со туѓи перја“. Дали добија признание не знаеме, но она што е познато е дека „Монтипе“ следанта година објави дека поради кризата ја откажува својата инвестиција.

Засега, холандската инвестиција се чини за сигурна со оглед дека наскоро треба да стартува, а единствената незавршена работа се чини дека е конфликтот за тоа чии се заслугите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.