Неколку луѓе беа застрелани на платформата на метро-станицата во Бруклин за време на денешниот утрински метеж, рекоа официјални лица, за епизодата на насилство што ги засили стравувањата за јавната безбедност.
Прелиминарните извештаи покажаа дека пет лица биле застрелани, изјави претставник на органите на редот. Полицијата бара маж со гас-маска и портокалов градежен елек, изјави службеникот, објави Њујорк Тајмс.
Полицајците биле повикани на метро станицата која се наоѓала на 36-та улица, каде што линиите D, N и R минуваат низ населбата Сансет Парк, околу 08:30 часот, изјави портпаролката на Полициската управа. Тие, исто така, добиле извештаи дека се издигал чад од станицата.
Поради истрагата возовите на горенаведените линии ќе доцнеле, јави локалната полиција која работи на расветлување на случајот.