Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ на 12 јуни (недела) планира да одржи мирен протест против руската воена агресија врз Украина.
Како што најавуваат од „Лесја Украинка“, протестот почнува во 12 часот од детското игралиште позади Универзална Сала а завршува пред руската амбасада во Скопје.