Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред финскиот парламент изјави дека е потребен „санкционен коктел“, кој ќе биде запаметен исто како „молотовите коктели“ за да се запре руската агресија.
Зеленски побара од Финска да „покаже уште поголемо лидерство“ во Европската унија, велејќи дека ова ќе биде „најголемиот придонес во безбедноста на Европа“.
Тој рече дека на Украина и треба оружје „што го имаат некои од партнерите во ЕУ“, како и „моќни ефикасни санкции против Русија на трајна основа“.
„Треба да размислиме како да ја заштитиме Европа од руското енергетско оружје“, продолжи Зеленски. „Колку долго Европа може да ја игнорира потребата од воведување целосно ембарго против испораките на нафта од Русија“, праша Зеленски.