Украинскиот претседател Володимир Зеленски го унапреди врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, во генерал.
Новиот чин му беше врачен со претседателски декрет од 23 август, објавен на веб страницата на шефот на украинската држава.
Досега Сирски имаше чин генерал полковник.
Западните агенции забележуваат дека 59 годишниот Сирски бил унапреден само неколку недели по ненадејниот упад на украинските сили во руската област Курск. Потсетуваат и дека Сирски е роден во 1965 година во Владимирската област во Русија и живее во Украина од 1980-тите. Тој беше назначен за врховен командант на вооружените сили во февруари оваа година.