Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за американскиот „Ен-би-си Њуз“ дека Украина ќе ја задржи територијата во освоениот руски регион Курск на неодредено време.
Не ни треба нивната земја. Не сакаме да го донесеме нашиот украински начин на живот таму“, изјави Зеленски за „Ен-би-си Њуз“ за време на неговото прво интервју од почетокот на офанзивата. Наместо тоа, Украина ќе ја задржи територијата како клучен дел од „победничкиот план“ на Зеленски за ставање крај на војната.
Засега ни треба, рече тој за Курск, додавајќи дека ќе им претстави предлог на меѓународните партнери како што се САД, каде што треба да оди кон крајот на месецов, за да се забрза крајот на војната.