Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Молдавија би можела да биде следната цел на руските напади.
Терористичката држава Русија сака да ја повтори еколошката катастрофа во регионот Херсон по уништувањето на браната Каховка“, изјави Зеленски.
Зеленски реагираше откако Русија во изминативе 24 часа изврши големи напади врз електрани во централна и западна Украина.
Според локалните власти и украинскиот министер за енергетика, Герман Гелушенко, нападнати биле енергетски постројки, термо и хидроелектрични централи во областа Камјанск во близина на градот Днепро, како и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.
Овој пат не е загрозена само Украина, туку и Молдавија, додаде украинскоиот претседател и повторно ги повика западните земји да и` помогнат на Украина со испраќање опрема за противвоздушна одбрана.