Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски пред израелскиот Кнесет: Можете да им помогнете на Украинците

0
By Mirjana on March 20, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се обрати преку видеоконференциска врска пред израелскиот Парламент, објави Би Би Си. Тој веќе разговараше и со други пратеници низ светот, вклучително во Велика Британија и САД, барајќи поддршка.

Зеленски повлече паралели меѓу руската инвазија врз Украина и Втората светска војна. Тој истакна дека инвазијата „не е воена операција“.

– Тоа е војна од целосен обем чија цел е уништување на нашиот народ, уништување на нашите деца, семејства, државност, градови, култури и се што ги прави Украинци. Затоа имам право да ја повлечам оваа паралела во историјата. Нашите војни за опстанок и Втората светска војна, нагласи Зеленски во своето видео обраќање.

Зеленски им кажа на израелските пратеници дека нацистичката партија, позната како НСДАП, била основана во Германија пред 102 години на 24 февруари, истиот датум кога оваа година Русија ја нападна Украина.

– Тие повторно ги кажуваат овие зборови – „конечното решение“ – во однос на нас, украинската нација… беше кажано на состанокот во Москва, рече Зеленски, кој е Евреин, а некои од неговите роднини загинаа во Холокаустот.

Зеленски го повика Израел да и даде оружје на Украина и праша зошто не воведе санкции кон Русија.Според него, Израел ја има најдобрата воздушна одбрана во светот и вели „дефинитивно можете да му помогнете на нашиот народ, да ги спасите животите на Украинците“.

Украинскиот претседател, исто така, ја цитираше починатата израелска премиерка Голда Меир, во неговото видео обраќање, со зборовите „ние сакаме да живееме, но нашите соседи сакаат да не видат мртви“.

„Остануваме, подготвени сме за компромис“, додаде тој. Тој правеше директна паралела помеѓу сегашната Украина и историјата на Израел, соочени со арапското непријателство.

ЗЕЛЕНСКИ ПРЕД ПАРЛАМЕНТОТ НА ИЗРАЕЛ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.