Киев: Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана во Сингапур, рече дека е разочаран што одредени светски лидери не се обврзале да учествуваат на мировниот самит за Украина во Швајцарија.
Кинескиот претседател, Си Џинпинг, нема да учествува, а колку што е познато нема да учествува ниту американскиот претседател, Џо Бајден.
-Разочарани сме што некои светски лидери сè уште не го потврдија своето учество на мировниот самит, рече Зеленски, без конкретно да ги спомене Кина или САД.
Зеленски денеска имаше „многу добар“ состанок со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Сингапур, бидејќи тој се обидува да добие силна поддршка од Западот наспроти рускиот напредок на теренот.
Во последните денови Зеленски посети неколку европски земји со цел да побара поголема воена помош за украинската армија, која се повеќе се бори да се спротивстави на континуираните напади на Русија.