Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија лансирала повеќе од 100 проектили и 100 беспилотни летала за време на нападот врз Украина.
Нанесена му е голема штета на енергетскиот сектор“, напиша Зеленски на Телеграм, а објави и Ројтерс.
Тој ги повика сојузниците на Киев да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за соборување руски беспилотни летала и ракети.