Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ги загубил интересот по прашањето за влез на земјата во НАТО.
Што се однесува, одамна се „оладив“ по тоа прашање, откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прими Украина. Алијансата стравува од контрадикторни работи и конфронтации со Руската федерација, изјави Зеленски во интервју за американската телевизија „Еј-Би-Си ворлд њуз“.
Тој, исто така, додаде дека „Украина нема да го моли НАТО на колена за ништо“.
За цивилните загуби во војната во Украина, Зеленски го обвини Западот за кој вели дека „одбива да го затвори небото и да обезбеди авиони“.