Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американската делегација, а претстои уште еден состанок во поширок формат, објави РБК Украина, повикувајќи се на добро информиран извор.
Зеленски се сретна со секретарот на американската армија, Ден Дрискол, и генералите, а потоа ќе следи состанок во нов формат, на кој ќе присуствува и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров.
Американските медиуми вчера објавија, повикувајќи се на извори, дека американски и руски претставници развиле „план за завршување на војната“ во Украина.
Според неофицијални информации, во неговото создавање учествувал и претставникот на рускиот претседател, Кирил Дмитриев.
Планот содржи 28 точки и всушност предвидува предавање на Украина, од која се бара да се откаже од Донбас, половина од својата армија и многу други концесии, објави украинскиот портал.
Мировниот план на САД ќе биде презентиран во Кијив од страна на американска делегација предводена од секретарот на американската армија, Ден Дрискол.
Мировниот план требаше да биде разгледан и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Турција вчера.
Сепак, според порталот „Аксиос“, разговорите не се одржаа бидејќи украинскиот претседател пристигна во Турција со план развиен заедно со европските сојузници.

