Киев: Украинските војници трпат големи загуби поради бавното пристигнување на западното оружје за соодветно опремување на вооружените сили, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.
Зеленски истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е „многу тешка“, додавајќи дека половина од украинските бригади таму не се опремени, пренесува БТА.
Затоа губиме многу луѓе. Ги губиме луѓето затоа што немаат борбени возила… немаат артилерија, немаат артилериски гранати, рече Зеленски.
Тој, исто така, забележа дека оружјето ветено од САД и европските земји пристигнува многу бавно.
Потребни ни се 14 бригади за да бидеме подготвени. Досега… од овие пакети со пратки оружје не опремивме ниту четири за да бидеме подготвени, посочи украинскиот претседател.