Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

0
By Zoran Ivanov on September 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

Пристигнавме во САД. Главната цел е да ја зајакнеме Украина и да го заштитиме целиот наш народ. Оваа војна може да заврши само со праведен мир благодарение на меѓународните напори, напиша Зеленски на Х.

Планот за победа на Украина ќе биде на масата на нашите сојузници, додаде тој.

Во видео-пораката од авионот објавена на истата мрежа, Зеленски рече дека прво оди во американската сојузна држава Пенсилванија по „специјална порака“, пред Њујорк и Вашингтон.

Во пораката од Скрентон, Пенсилванија тој информира дека посетил фабрика која произведува артилериски гранати од 155 милиметри.

Сега, за нашите војници кои ја бранат не само нашата земја, не само Украина, фабриката ќе го засили производството. Посетата на САД ја започнав со изразување благодарност до сите вработени во фабриката и со постигнување договори за проширување на соработката меѓу Пенсилванија и нашата Запорожје. На места како ова навистина можете да почувствувате дека демократскиот свет може да надвладее. Благодарение на луѓето како овие – во Украина, во Америка и во сите земји партнери – кои неуморно работат за да се осигураат дека животот е заштитен, напиша Зеленски.

Зеленски во САД планира да им го претстави планот на „сите лидери на земјите партнери“, како и во американскиот Конгрес и двајцата кандидати за претседателските избори во САД, демократската кандидатка, потпретседателката Камала Харис и републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп.

Зеленски ќе се обиде да го убеди Бајден да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за да гаѓа цели во Русија, за што тој верува дека може да го промени текот на војната.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.