Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до земјите од групата Г7 кои ветија засилена изолација на руската економија.
„Главната работа што ја почувствував е уште поголема подготвеност и решителност на светот да ни помогне“, рече тој.
„На целиот слободарски свет му е јасно дека украинската страна е добра во оваа војна. А, Русија ќе загуби, злото секогаш губи“, изјави Зеленски.