Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран утрово, во 6:36 часот, на 115 километри југоисточно од Скопје, со епицентар на подрачјето Пехчево-Кресна.
Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од каде посочуваат дека земјотресот бил почувствуван во Делчево, во Берово и во Пехчево.