НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјотресот од 1963 – факти, последици, доживувања, солидарност, сеќавања…

0
By Zoran Ivanov on July 26, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дијана Тахири

Скопје денеска се сеќава на уништувачкиот земјотрес од, за некои, далечната 1963-та, а тие што го доживеале, преживеале , но и изгубиле роднини, пријатели и домови, се уште се сеќаваат како да било вчера.

Земјотресот што го погоди Скопје  на 26 јули, 1963 година, е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија, со измерени 6,1 степени според Рихтеровата сеизмичка скала. Земјотресот траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.

Во катастрофалниот земјотрес во Скопје, животот го загубиле 1.070 граѓани, од коишто 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Податоците, сепак не се дефинитивни, бидејќи постои голема веројатност, дека одреден број од жртвите биле веќе закопани од страна на роднините пред да бидат идентификувани од Службите за идентификација.

По земјотресот 1963/ фото: Државна архива

Точната евиденција за повредените била вкупно 2.900 луѓе, од кои што 1.110 биле тешко повредени (преку 300 од нив сè уште биле згрижени и до месец и половина во болниците и клиниките), а околу 800 луѓе останале инвалиди. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет.

Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.

За првпат во периодот на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, американски и советски воени сили заеднички им помагале на скопјани.

Низ годините, бројни институции и граѓански организации, како потсетник за денот во кој Скопје, не само што го изгуби личниот опис, туку и над илјада граѓани, организираат пригодни манифестации.

Силниот земјотрес разори и времено оштети бројни објекти во Скопје, меѓу кои и Старата железничка станица; Офицерскиот Дом; Народниот театар; Домот на Југословенската народна армија; Сообраќајната пошта бр. 2; Главната поштенска зграда, во истата се наоѓала и телефонска централа; Домот на културата „Кочо Рацин“; Зградата на општина „Идадија“;  Зградата на Скопскиот универзитет, во кој се наоѓале Филозофскиот, Правниот и Економскиот факултет; Зградата на Републичките секретаријати; Хотелот „Македонија“ (хотелот бил полн со гости, меѓу кои многу странци – Бугари, Белгијци, Французи, Американци итн. Многу мал дел од жртвите биле извлечени живи); Хотелот „Скопје“; Зградата на Надворешно-трговските претпријатија; Деловната и станбена зграда на Југобанка и Народна банка; Студиото на Радио-телевизија Скопје; Две деловни и станбени петкатници спроти Железничката станица; Блок станбени четирикатници на плоштадот „Слобода“; „Инженерската зграда“; Зграда на аголот на ул. Осма ударна бригада бр. 16 и ул. Наум Наумовски бр. 7.

Офицерски дом по земјотресот 1963
фото: Државна архива

Станбени згради на ул. Васил Главинов бр. 22 и 36, бул. ЈНА бр. 32 и 36, ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 19, ул. Карл Маркс бр. 41, ул. 29 Ноември бр. 16, и др.; Зграда бр. 13 во населба Карпош; зграда на ул. Водњанска бр. 40 спроти Клиничкиот центар во Скопје;

Хотел за самци на градежното претпријатие „Бетон“, во индустрискиот дел на градот од левата страна на реката Вардар (загинале 11 работници, повеќето биле излезени на терен), но и безброј живеалишта – куќи, во кои имало и луѓе додека се случувал уништувачкиот земјотрес.

По земјотресот, градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на земјотресот. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Една од првите мерки на градските власти било организираното евакуирање на скопските деца низ Македонија и низ СФР Југославија.

За да биде евакуирањето поорганизирано, било формирано Одделение за народна одбрана при Градското собрание, сместено на игралиштето на ФК Работнички, а со евакуација биле опфатени неактивните жители: жени, стари и изнемоштени, инвалиди и сите деца до 15-годишна возраст. Вкупно 105.000 лица биле евакуирани по земјотресот, од кои околу 30.000 биле деца. Дел од евакуираните (63.200 лица) заминале кај свои роднини и пријатели во внатрешноста на Македонија, а 41.743 биле распоредени во другите југословенски републики. Така што  во деновите по земјотресот, Скопје се претворил во град без деца.

Сеќавања и сведоштва 

Има многу сведоштва и сеќавања од граѓани кои го преживеале земјотресот, кои до ден денеска во детали ги прераскажуваат случувањата, емоциите и последиците од катастрофалната непогода, која оставила силна трага, но и им го сменила животот на илјадници жители.

Во разговор со доајенот на македонското новинарство, Зоран Иванов, дознавме како тој и неговото семејство го доживеале земјотресот, како и периодот потоа.

Жално, тажно и многу страшно. Многу, вели Иванов, потсетувајќи се на денот кога се случи земјотресот, но и деновите потоа.

„Бев на 14 години. Во Охрид, на летување. Многу рано утрото на 26-ти јули 1963 година не` разбуди невообичаен, дотогаш недоживеан немир, некаков паничен жагор, некоја несекојдневна рано утринска растрчаност по старите охридски калдрми.

Поглед низ прозорецот од куќата на тетка ми Љуба на Сараиште каде што тоа лето со брат ми бевме на десетина дена од летниот школски распуст. Да. Панични ранобудни движења со извици: „земјотрес во Скопје, катастрофа, се` е срушено, има многу, затрупани под урнатини, многу  загинати“.

Нејсе, исплашени, и јас и брат ми постар од мене две години. Првата мисла: што е со мајка ми, татко ми… Се лепат сите на радиото долу во приземјето, се собраа соседи, се вртеа радио станици зашто го немаше сигналот на Радио Скопје. Во охридското маало, многу скопјани, и многу стравови за своите дома. Секој се интересира за своите. Странците туристи, главно Германци и Холанѓани збунето молчат. Амбиентот на вознемиреност во градот и нив предвреме, пред нивното прво утринско кафе, ги извади од туристичките соби. И тие знаеа дека нешто страшно се случило, тивко потпрашуваат што и каде, сочувствуваат со вознемирените домаќини.

И езерото на Сараиште, на тој крајбрежен центар на стариот Охрид, како да замолкна. Јулското сонце се крева, денот одминува, се ближи пладне, но плажата пуста, се потсетува Иванов.

Охрид почна да се организира за помош на настраданиот град. На пристаништето со брат ми се качивме на еден од отворените камиони наменети за првите работни бригади. Момци и девојки, Охриѓани скопски студенти но и повозрасни со алати, со кој што нашол во домашните подруми и гаражи, лопати копачи, се стискаат на подните дрвени камионски платформи акцијашки да помогнат на настраданото Скопје.

Но, толку беше од желбата брзо да се стаса дома. Некој одговорен кој правеше список на младите Охриѓани брзо утврди дека со брат ми сме малолетни, не помогнаа ниту молбите на групата. Не` симнаа од камионот.

Немавме вест од дома. Тагата, и лична и општа, не може да се опише. Дури по цели два дена успеваме да се качиме на вовчето „Чиро“, железничка теснолинејка за Кичево па оттаму со „нормален“ воз за Скопје. Во меѓувреме од уста на уста, преку познати и пријатели, преку охридските роднини и нивните контакти дознаваме дека родителите ни се живи. Но и дека првата сосетка, студентка која вечерта пред земјотресот од Охрид се врати за Скопје, останала под урнатините.

И не само таа, во моето маало во центарски Буњаковец, околината на сегашниот Соборен храм, освен нашата едноспратна куќа на која и недостасуваше кровот и на која и` беа расцветани сите ѕидови, беа срушени речиси сите други куќи кај тогашното Радио-Скопје, сите во мојата улица.

Ја немавме веќе и врсничката Кети, малиот шест годишен Кочо, родителите на двајца од моите најдобри другари, братот матурант на другарот од спротива, тетка Пенка веќе никогаш нема да ни пржи од нејзините волшебни крофни, ниту пак сосетката Косана ќе ни пече есенски костени на отворен оган во нејзинот двор. Ја нема веќе, остана под урнатините и нашата маалската маса за пинг-понг што самите маалци рачно ја скрпивме од даските кои навечер една по една ги крадевме од дворот на институтот за шумарство што во близината се доградуваше.

Тоа јулско утро на 26- јули 1963 година ги снема не само нашите куќи. Ги снема нашите домови. Ги снема нашите дворови, овошките во нив чии плодови ги беревме предвреме и онака по маалски со првиот мрак.

Земјотресот подмолно и во миг ни ја одзема и нашата, ни ја одзема и маалската душа. И таа остана под мноштвото урнати куќи во кои дотогаш имаше живот. Во кои дотогаш имаше многу живот.

Во миг го снема Скопје, го снема нашето, моето маало, ги немаше веќе некои од моите драги другари, соседи, роднини.

Жално, тажно и многу страшно. Многу! – повторува Иванов, раскажувајќи ги сеќавањата за земјотресот…Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.