За првпат по неколку недели во Бугарија има 3.449 заболени од Ковид-19, што е за 2.214 повеќе во изминатите 24 часа, објави Унифицираниот информативен портал.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, направени се 36.449 тестови, што значи дека 9,4 е позитивниот процент. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија во изминатите 24 часа е 162, од кои 150 се невакцинирани или со нецелосен циклус на вакцинација.
Новозаболените кои се хоспитализирани 761 од кои 650 се невакцинирани. Бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега е зголемен за 46, од кои 43 не се вакцинирани, со што вкупниот број се искачи на 30.819 од почетокот на пандемијат а во март 2020 година. Во Бугарија вакцинираните со првата доза вакцина се 3.682.460, а со завршен циклус на вакцинација се 1.908.733, а со трета вакцина 265.194.