Време е владата да почне со реална работа за што ја има нашата поддршка, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар по денешната средба во владата на РМ со новиот премиер Зоран Заев. Тој истакна дека има атмосфера на оптимизам и дека ракоматерите на Вардар го засилиле тој дух, но и дека на владата и е време за реална работа за да се одржи оптимизмот во реформите – реформи за коишто ЕУ ќе даде поддршка.
Имаме функционално собрание, функционална влада и ова ни дава доверба дека земјата излегува надвор од кризата и дека на иднината можеме да гледаме со оптимизам. Исто така, вчера и Вардар влеа многу оптимизам во духот на луѓето. Сега е времето да се почне со реална работа. Дојдов кај премиерот да му кажам дека ние сме подготвени за поддршка за потребните реформи. Ние сме подготвени да допреме до сите партии и сите луѓе за да спроведување на реформите потребни за евроинтеграциите, истакна Жбогар.