Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Железници на Србија“ најави проект за реконструкција на пругата Ниш – Прешево – Македонија за големи брзини

0
By Sashko on July 21, 2022 РЕГИОН
Novi Sad 01.09.2018 - Drumski saobracaj na novom zezeljevom mestu.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Железницата на Србија најави проект за реконструкција на пругата Ниш –  Прешево – Македонија во должина од 92 километри за возови со голема брзина, како дел од проектот за модернизација на коридорот Белград – Ниш – Прешево. Вредноста на работите на овие делници од пругата изнесува 182,25 милиони евра, а ја финансираат ЕИБ со 90,5 милиони евра и ВИБФ со 4 милиони евра, како и Србија со 14,67 милиони евра. Завршувањето на проектот се очекува до крајот на 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти специјализираната регионална платформа во областа на транспортот и логистиката, порталот Плутонлогистикс, модернизацијата на овој дел од железницата опфаќа работи на делниците Брестовац – Винарци, Орево – Врањска Бања, Ристовац – Бујановац и Букаревац – Прешево – граница со Северна Македонија.

„Делницата Ниш – Прешево е една од најстарите железнички линии во Србија и најважната делница на Коридорот 10. Оваа електрифицирана линија долга 151 километар се користи за најголемиот дел од транспортот во Србија“, соопшти Плутонлогистикс.

Во рамки на проектот е предвидена и санација и доградба на железничката линија Белград – Ниш во должина од 228 километри.

Вкупните проценети трошоци за модернизација и реконструкција на коридорот Белград – Ниш – Прешево во должина од 350 километри (поделен на неколку делници) изнесуваат 2,5 милијарди евра.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ѝ додели државен заем на Србија од 500 милиони евра за реализација на овој проект.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.