Судот во Салвадор осуди жена на 30 години затвор, бидејќи морала да абортира од здравствени причини. Како што пренесува Асошиејтед прес (АП), жената е осудена на повеќегодишна робија за тешко убиство.
Група на граѓани кои поддржуваат декриминализација на абортусот соопштија дека жената, идентификувана како Есме, била осудена во понеделникот. Таа две години била во истражен затвор по апсењето при обраќање за лекарска помош во болница, наведоа тие.
„Судијата беше пристрасен. Поголема тежина даде на верзијата на државниот обвинител која е полна со стигма и родови стереотипи. Есме ќе се жали на пресдуата“, рекоа тие.
Во Салвадор е на сила целосна забрана на абортус, па голем број на жени се уапсени и осудени на затворски казни поради абортуси што е пријавени на властите. Во последните 20 години се процесуирани, речиси, 180 жени, а од 2009 година се ослободени само 64.