Фотографијата на жена во црвен летен фустан, која мирно стои во истанбулскиот парк Гези, додека полицаецот на прска со солзавец, го обиколи светот. “Жената во црвено” стана симбол на турските протести, и фотографиите се проширија на социјалните мрежи со пораката: ” Што повеќе не прскате со спреј, ние стануваме повеќе”.
Ова е една од сцените кои јасно покажуваат како полицијата постапувала со мирните демонстранти и дека всушност тоа е полицијата, која предизвика во средината на минатата недела, насилство и нереди. Мирните демонстранти и минувачите, во последните неколку дена беа нападнати со палки, солзавец, водени топови . Светот го обиколи снимката со полициска бруталност.