Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Околу 20-тина од семејството Лефкови и неговиот брат Иван се бугарски државјани

0
By Zoran Ivanov on July 23, 2025 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Андреј Жерновски: Човек веќе да не знае дали да плаче или да се смее.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој владејачката партијата го избра да одржува серија на театрални патриотски прес конференции невешто извежбани пред огледало, сам си падна во јамата што им ја копаше на други.

Откако параноично бараше инсталации на странски служби во државата, трагикомично посочувајќи го СДСМ како партија која е “целосно финансирана од бугарски фондови”, а мене како “домашен предавник”, веќе утредента пристигна веста дека, верувале или не, околу 20-тина од семејството Лефкови од Кочани, сите први и втори братучеди, како и неговиот брат Иван, се бугарски државјани кои поминале низ постапка во која декларирале дека имаат дедо Бугарин и дека и самите се чувствуваат како Бугари.

Да бидам докрај искрен, во целата моја политичка кариера досега немам видено вакви самоубици во заседа. Просто неверојатно!

Читам утрово некој обид за демант, во кој грандиозен текст можам да пронајдам се’, само не негирање на изнесените податоци.

Него, кога сме веќе кај демантите, уште го чекаме да се произнесе “лидерот кој бил крајна цел на организираните напади” и кој, како што вели благонадежниот Миле, бил “единствената брана за македонските интереси“.

Никако “лидерот” да ни каже дали е вистина дека аплицирал за бугарски пасош.

Ајде, ќе го чекаме уште, додека не смисли нешто. А можеби и му е попаметно да молчи, отколку да дава вакви “деманти” како глумецов со длабок глас и плитки мисли.

Извор: Фејсбук

 

Андреј Жерновски Бугарски Левков пасоши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.