Порталот Фортрус објави видео снимено со дрон на која се гледа операцијата на здружените руско-сириски сили врз терористи во Дамаск.
Според руското министерство за одбрана, сириската армија, придружена од руските воздухопловни сили, ги принудувала терористите масовно да бегаат од Дамаск.
Денеска сирискиот претседател Башар ал Асад, ненајавено е во посетка на Москва. Пристигнал вчеравечер, за да му се заблагодари на Владимир Путин за поддршката.
Официјално, ова е прва посета на сирискиот претседател во странство од избувнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.