Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе одржи прес-конференција за претставување на трилатералниот проект за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија.
Проектот ќе го спроведува Секретаријатот за европски прашања, со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој.
По тој повод, на прес-конференцијата, покрај вицепремиерот Димитров, ќе се обратат и амбасадорките на САД и Естонија во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и Кристи Карелсон, а ќе се потпише и Меморандум за соработка со Естонскиот центар за меѓународен развој.