Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Живот на борба и почести – Кој беше Нелсон Мандела

0
By Нова ТВ on December 6, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Никој не се родил мразејќи ги другите поради нивната боја на кожа, поради нивното минато, или нивната религија. Луѓето учат како да мразат, и ако можат да научат како да мразат, можат да бидат научени и како да сакаат, бидејќи љубовта доаѓа природно преку човековото срце а не обратно“, ова се зборовите на Таткото на Африка.

Нелсон Ролилала Мандела, е роден на 18 јули 1918 година во селото М’везо во Умтату, град кој тогаш спаѓал под Кејп провинцијата, односно Кејп колонијата која за главен град го имала Кејп Таун. Името Ролилала му било дадено поради значењето, „бељаџија“, а подоцна во годините го добил името Модиба, по неговото племе.

Зошто Нелсон Мандела има шест имиња?

Неговата политичка кариера започнува во 1944 година кога се приклучува на Африканскиот Национален Конгрес, и учествува во отпорот против апартхејд-политиката на Владата во 1948. Во јуни 1961, АНК ја одобрува неговата идеја за употреба на насилна тактика и ги охрабрува членовите да се придружат кон кампањата на Мандела. Кратко време потоа, тој ја формира Умконто ви Сизви, вооруженото крило на АНК, и е назначен за негов лидер.

Во 1962 година, тој е уапсен и осуден, помеѓу другите обвиненија, и за саботажа, и е осуден на пет години ригорозен затвор. Во 1963 година, тој се соочува со судот заедно со другите членови од организацијата, под обвинение за теорија на заговор кон Владата и завера за соборување на Владата преку употреба на насилство.

На 12 јуни, 1964, осуммина од обвинетите, меѓу кои и Мандела, се дополнително осудени на доживотен затвор.

Она што најмногу останува запаметено низ историјата, е неговиот говор за време на одбраната, затворајќи ја својата изјава…:

„Целиот мој живот го посветив на страдањата на африканскиот народ. Се борев против доминацијата на Белците, и доминацијата на Црнците. Го одржував идеалот за демократско и слободно општество во кое сите луѓе ќе живеат заедно во хармонија и еднакви можности. Тоа е еден идеал кој се надевам дека ќе го доживеам. Но ако е потребно, подготвен сум и да умрам за тој идеал“.

Мандела отслужи 27 години во затвор, повеќето од годините во затворот на островот Робен, надвор од Кејп Таун. Додека беше во затвор, неговата репутација растеше, и тој полека стануваше познат насекаде низ светот како најважниот црн лидер на Јужна Африка.

Неговата смрт на 95 години ја соедини Африка и светот. Како што се ширеше веста за неговата смрт, жителите на црната област, Совето, се собирале низ улиците близу куќата во која тој некогаш живеел, пеејќи и танцувајќи, славејќи го неговиот величествен живот.
Како дипломиран адвокат од Универзитетот Форт Хер, и Универзитетот Витвотерсренд, Мандела беше на функцијата Претседател на Јужна Африка од 1944 до 1999 година.

Одликуван е со многу меѓународни признанија, меѓу кои Нобеловата награда за мир во 1993 година, Орден на заслуги од Кралицата Елизабета II, како и Претседателскиот медал на слободата од поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш.

Во јули, 2004 година, Јоханесбург го даруваше со најголемата почест, доделувајќи му ја на Мандела „слободата на градот“.

Во 1990 година, тој ја добива „Барат Ратна“ наградата од Владата на Индија, и ја добива последната Ленинова Награда за мир од Советскиот сојуз.

Во 1992 година, тој е награден со Наградата за мир на Ататурк, од страна на Турција. Но Мандела ја одбива наградата, повикувајќи се на прекршоците на човековите права извшрени од страна на Турција во тоа време, но ја прифаќа подоцна во 1999 година.

Во 1992 година, тој ја прима и наградата „Нишан-е-Пакистан“, најголемата граѓанска награда на Пакистан.

Тој во својот живот има поминато низ три „клучни фази“ (бракови). Младиот активист во 1944 година, се жени со Евелин Мејс, со која има четири деца. Во 1958 година, се среќава со Вини Мадикизела, воедно и највлијателната фигура во неговиот живот. Неговиот трет брак, со Грејса Мејкл, вдовицата на поранешниот претседател на Мозамбик, Самора Мејкл, „се случи“ за неговиот 80-ти роденден.

Автобиографијата на Мандела „Долгиот пат до слободата“, е објавена во 1994 година, која почнал да ја пишува тајно за време на својот престој во затвор. Филмското платно неговиот живот го има вклучено во 5 наврати.

Во филмот од 1997 година, „Мандела и Де Клерк“ (Mandela and de Klerk), улогата на Нелсон ја толкува светски-познатиот Сидни Поатје, а во филмот „Довидување Бафана“ (Goodbye Bafana) од 2007, неговиот лик му припадна на Денис Хејсберт. Во 2009 година, во филмот на BBC, „Госпоѓа Мандела“ (Mrs. Mandela), улогата ја толкува Дејвид Хервуд. Легендарниот Морган Фриман, ја интерпретира улогата на Нелсон Мандела во филмот „Неосвоиви“ (Invictus), а додека во последното филмско остварување, од 2013 година, Британецот Идрис Елба, ја толкува улогата во филмот „Мандела: Долгиот пат до слободата“ (Mandela: Long Walk to Freedom).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.