Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Златановска- Попова: Неформалното образование и вештините се повеќе се бараат на пазарот на трудот

0
By Marija Todorovska on February 14, 2024 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со новите начини и пристапи и вештини, фаворизирање на неформалното образование со сите вештини склопени, станувате поконкурентни на пазарот. Дел од мојата професија е советник за развој на кариера, професии на иднината, тренер за меки вештини, експертите велат дека се повеќе ни се потребни животни вештини кои ќе ни помогнат да живееме во новото современо општество, вели во гостувањето на „Слободен печат“ Катерина- Златановска Попова.

– Терминот работоспособност се заменува со зборот вештина. Во денешно време титулите, звањата, дипломите многу често не вршат работа, тоа беше битно порано, сега во денешно време сите работодавци сакаат да знаат што знаете и како вашето знаење ќе го преточите во продуктивност, додава таа.

Според Златановска- Попова секојдневно живееме различна верзија од себе, прашање е дали ќе одбреме подобра верзија или полоша.

– Меките или животни вештини се нешто што го учиме низ животот, да се справуваме со конфликти, да наоѓаме решенија, да размислуваме надвор од коцката. Она што ние го правиме како кариерни советници, ги поттикнуваме луѓето да истражуваат за себеси , во зависност од тоа кој во која фаза од животот се наоѓа и да ги искажат своите потреби. Интервенцијата е да се разгледаат опциите, можностите и која е новата патека за да се започне. Денес луѓето се похрабри да започнат од почеток дури и на подоцнежни години. Менувањето кариера почна да станува и доброволно, не како порано принудно, сега луѓето и на зрели години се подготвени да истражуваат и да учат одново, да студираат одново итн, вели таа.

Според Златановска- Попова преквалификацијата ќе стане наше секојдневие и доживотното учење, живееме во толку динамично време што не можеме да застанеме, Вештачката интелигенција колку и да звучи далечно и чудно, е тука и мораме да го прифатиме, со напредок на алатките кои АИ може да ги користи, целиот наш начин на работа се менува.

-Она што ме радува е што луѓето свесно ја бараат смислата во животот, одењето на работа за да се земе само плата веќе не е прифатлив начин на живеење. Работиме со студенти но и со возрасни, она што сакам да кажам е дека мора да продолжат да учат и да ги развиваат своите вештини, мора да гледаат кон иднината, денес не е доволно, мора да размислувам што ќе му треба на општеството во иднината, појаснува таа.

Како што додава приоритетот не е ставен само на дипломата и тоа што го носи, според Златановиќ Поповска многу дипломи денес не се оправдани, нема знаење, вештина и сл, вештините не се купуваат.

-Сестраноста, во денешно време се очекува луѓето да имаат вештини под повеќе можности, ИТ инженер и уметност, архитект и педагогија, различни вештини. Најтипичен пример е во земјоделието во светот каде се повеќе се употребува технологијата и многу ИТ инженери влегуваат во земјоделието, и да помогнат да се развијат овие технологии. Будењето на свеста и емпатијата е дел од емоциноалната интелегинција која не разликува од машините, ако станеме поемпатични за свеста кон другите, за лицата со посебни потреби, мајките со колички итн, бидејќи тротоарите се  употребени за паркирање ќе направиме сериозна промена во сите сегменти на живеењето, а базата е едукацијата. Под итно да се стави акцент на воведување емпатија како предмет, да почнеме да освестуваме дека сме еден од многуте, да го иимаме чувството на заедницата. Уште од градинка да има настава дека треба сите заедно да се грижиме за се што е заедничко, вели таа.

вештини ИТ инжинери Катерина Златановска - Попова неформално образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.