Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Златната пена на секојдневието

0
By Zoran Ivanov on June 8, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еспресото е нежен и пожелен придружник и тогаш кога под покривот има повеќе од една душа. Има нешто што не се кажува, но се знае. Ако некој знае како ти го прави кафето, знае и други нешта, суштински нешта. Како да допре. Како да остави простор. Или како да те разбуди – не со збор, туку со допир на шолја што веќе ја држел – или држела – во рацете пред да ти ја подаде, пробивајќи го превезот што го дели сонот од јавето. Пиете кафе. Заедно. А пиете и еден од друг. Со погледи, со тишина, или со првите реченици во денот што почнува. „Сакаш ли уште едно?“ — тоа не е (само) прашање за кофеин. Тоа е продолжение. Понекогаш – повик. А некогаш и елегантен начин да не се каже: „Остани.“

Џабир Дерала 

Топлиот, тенок и пенест, млаз почнува да тече. Се слуша рапавиот машински звук, несразмерно груб во споредба со таа елегантна минијатурна постапка што завршува со серија капки кои дополнително ја распенуваат површината на магичниот напиток. За тоа време, од тие минијатурни 15-30 милилитри се шири волшебна арома што го освојува целото тело и сиот простор наоколу. За момент, целиот свет изгледа како некој далечен спомен. Ништо не е важно. Само погледот на таа мала и неизмерно мека површина од густа пена, арома што нежно гали и усни што одвај чекаат да го направат првиот контакт.

Еспресо.

Повеќе, многу повеќе од пијалак. Ритуал изнедрен од мешањето – и судирот – меѓу епохите и цивилизациите, традициите и неуморната машина на капитализмот.

Легендата од 9-от век вели дека младиот козар Калди од областа Кафа во Етиопија забележал дека неговите кози биле посебно енергични кога зобале од малите црвени топчести плодови на тоа што подоцна било познато како кафеово растение (coffea).

Но историјата помни дека кафето, како напиток, потекнува од Јемен. Таму, во 15-от век, Суфи монасите – дервишите – правеле кафе во своите манастири. Тоа набрзо стасало во Константинопол преку сириските трговци и угостители кои ги отвориле првите kahvehaneler (куќа на кафето). Потоа, овој напиток, ритуал и култура се шират насекаде низ непрегледната Отоманска империја, а потоа и насекаде низ светот.

Четиристотини години подоцна – нова револуција. Овој пат на Запад, во Милано, Италија.

Првиот еспресо апарат го создава и патентира инженерот Луиџи Безера (Luigi Bezzera) во Милано во 1901 година. Тој сакал – и успеал во тоа – подготовката на кафето да биде побрза, а воедно вкусот да биде и поинтензивен. Безера бил инженер, но не и бизнисмен. Неговиот патент го откупува Дезидерио Павони (Desiderio Pavoni) кој го усовршува уредот и го претставува на Меѓународниот саем во Милано во 1906 година – момент што се смета за официјално раѓање на еспресото.

Иако Милано се смета за родно место на еспресото, набрзо Торино станува клучен за индустрискиот развој и ширењето на еспресо културата, особено преку брендовите како Лаваца, основан 1895 година. Но, почетокот – првото еспресо – се прави во Милано.

Еспресо културата се шири со трескавична брзина, прво во Рим и Неапол, а потоа низ цела Европа, а набрзо потоа – магичната арома на урбаното живеење – го освојува и целиот свет. Тоа станува симбол на урбаноста, како што се метрото или трамвајот, весникот под мишка или (сега) скролањето на мобилниот уред во едната и сендвичот во другата рака.

Бескрајни и разнобојни приказни раскажува секоја голтка од овој напиток во кој е исцедена сржта од тој црвен топчест плод – есенција што никне од земјата и минува низ софистицираните механички машини кои се икони на модерното урбано живеење. Еспресото е како комплициран љубовник, прекрасен придружник во самотијата и дискретен и нем сведок на секојдневието, личните или политичките драми, криминалот, творештвото или сексот. Сѐ во една голтка.

Еспресото не е само историја, технологија и урбаност. Како дух, се вбризгува во секој дел од телото, му дава интензитет, ги буди мислите и телесноста истовремено. Му дава смисла и силен сетилен почеток на денот.

Како брз, но искрен бакнеж, топло лизгање по јазикот, а потоа и „експресно“ брзо струење низ телото и мислите – будење на сите сетила, истовремено нечујно и експлозивно. Иако секојдневен ритуал, секогаш е уникатен plug in во денот. Таа златеста пена создава невидлива обвивка од внатрешна тишина и фокус, додека децата се влеваат во „Песталоци“ со својот џагор, а нотификациите на мобилниот ја обликуваат дневната рутина.

Еспресото е нежен и пожелен придружник и тогаш кога под покривот има повеќе од една душа. Има нешто што не се кажува, но се знае. Ако некој знае како ти го прави кафето, знае и други нешта, суштински нешта. Како да допре. Како да остави простор. Или како да те разбуди – не со збор, туку со допир на шолја што веќе ја држел – или држела – во рацете пред да ти ја подаде, пробивајќи го превезот што го дели сонот од јавето. Пиете кафе. Заедно. А пиете и еден од друг. Со погледи, со тишина, или со првите реченици во денот што почнува. „Сакаш ли уште едно?“ — тоа не е (само) прашање за кофеин. Тоа е продолжение. Понекогаш – повик. А некогаш и елегантен начин да не се каже: „Остани.“

Во животот има ситуации каде што кафето е како мост. Но може да биде и маска. Или вовед во нешто што не може – или не треба – да се именува. Како еспресо по водење љубов… Молчеливо. Голтка по голтка. Со трепет во нозете кои сè уште не се сигурни дали да останат или да побегнат. Со поглед кој бара, но не се нуди. Со тишина полна со мирис од кожа и кафе.

И еспресо што се пие на крајот од љубовта. Кога двајцата се седнати еден спроти друг, а двете шолји се единственото нешто што сè уште ги спојува и воедно се како два брода што се спремаат да се отиснат во различни правци. Нема повеќе што да се каже. Нема топлина. Само механички движења. Голтки што болат, погледи в страна. Гестови што некогаш значеле нешто, сега се само повторување. Последен обид за учтивост пред да се викне сметката што изгледа како испринтан извештај за распадот со датум, час, локација и – цена. Без опција за рекламација.

Љубовта што се гаси има вкус на оладено еспресо – сè уште ароматично и вкусно, но како да сведочи за отсуство, празнотија, неповратност. Тишина, тешка како воздухот пред летен пороен дожд. Последна пенлива точка пред животот да продолжи на другата страна од улицата.

Самотијата најдобро се слави со еспресо. После доволен број еспреса испиени насамо во утрата што пристигнуваат како љубезни, но рамнодушни инкасатори или доставувачи на храна – пиењето утринско еспресо станува чин на независност. Се слуша гласот на подкастот што се вклучил автоматски, звукот на машината, шумот на процесорот од лаптопот, а подоцна и џагорот од улицата под балконот. Нема веќе „Сакаш еспресо, нели?“ Останува внатрешниот глас: „Треба да си купам ново пакување денеска.“ Со време, станува повеќе од доволно да се потпреш на себе и своите ритуали. И не мора да има нешто повеќе од тоа. Самотијата не е отсуство. Таа е нешто како полнолетност.

Особено по тежок ден, еспресото е нешто како сертификат – дека си преживеал. Како интимна исповед – без вина, без исповедник, без очекување. Како печат на самотијата што не сака да биде прекината.

Текстот е сопственост на Градска.мк

еспресо кафе тема Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.