Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска

0
By Marta Pesevska on November 13, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот граѓански суд Скопје го одби како неосновано тужбеното барање на Миленко Неделковски за утврдување на одговорност за клевета и надомест на штета против новинарите

Пред Основниот граѓански суд Скопје на ден 06.12.2021 година беше поднесена тужба од страна на Миленко Неделковски против новинарите Дејан Србиновски и Билјана Секуловска како и против директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска. Со оваа тужба се бараше утврдување на одговорност за клевета и надомест на штета во врска со емисијата „25 Минути” со наслов: „Говор на омраза – зошто не се санкционира?“ емитувана на ден 12.09.2021 година на Телевизија 24, а во која од страна на тужените, тужителот Миленко Неделковски е посочен како пример за лице кое шири говор на омраза, на начин што со своите дејствија промовира, поттикнува и шири омраза, насилство и нетрпеливост, соопштуваат од ЗНМ.

Од страна на aдвокатот на новинарите и Пировска, во одговорот на тужбата беше приложен доказен материјал од кој неспорно се докажува дека и пред емитување на емисијата „25 Минути”, тужителот веќе бил познат на јавноста како лице кое шири говор на омраза, а со тоа и дека тужените имале основано причина да ги истакнат предметните наводи.

Меѓу другото е наведено дека судот треба да ги има во предвид и Принцип 6 и 7 од Препораката бр.R (97) 20 на Комитетот на Министри на Совет на Европа за „говор на омраза, со кој јасно се укажува на фактот дека:

„Националното право и практика во областа на говорот на омразата треба да водат сметка за улогата на медиумите во комуникацијата на информациите и идеите што покажуваат, анализираат и објаснуваат специфични примери на говор на омразата и воопшто на овој феномен, како и да го земат предвид правото на јавноста да добива такви информации и идеи”, односно дека известувањето за расизам, ксенофобија, антисемитизам и други форми на нетрпеливост е целосно заштитено со член 10, параграф 1 од Европската Конвенција за човекови права”.

Судот по заклучување на главната расправа, на ден 09.11.2022 година одржа рочиште за објава на пресуда, на кое беше соопштено дека тужбеното барање на тужителот се одбива како неосновано, со што тужените се ослободуваат од одговорност за клевета и надомест на штета.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.