Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, кој учествуваше како набљудувач на Самитот Отворен Балкан во Охрид, рече дека границите треба да се отворат за Отворениот Балкан и дека не сака да види стоки и камиони од БиХ како стојат на границите а непречено да поминуваат камионите од земјите членки на иницијативата Отворен Балкан, рече Тегелтија.
„Никој во БиХ нема право да ги доведе нашите граѓани и нашата бизнис заедница во таква ситуација“, изјави Тегелтија во интервју за „Политика“.
„Претседателот Вучиќ предложи заеднички да формираме тим кој ќе се справува со проблемите и ќе нуди заеднички решенија за сите земји од Западен Балкан и да се обидеме да дејствуваме заедно, посочи Тегелтија.