Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Груевски има повисок рејтинг од Заев?

0
By Биљана Секуловска on May 30, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се е јасно уште од првиот ден на преговорите Заев- Груевски, особено со странските медијатори и олеснувачи. Груевски го интересира само едно прашање, кое за него е избор за живот или смрт- да остане премиер на каква било преодна Влада, експертска, политичка, коалициска, концентрациона, каква сакате наречете ја.

Неговиот план е наједноставниот во светската историја на политички фантазии, сосема добро разработен и одамна познат возможен излез за спас на многу политичари низ вековите. Со тој план, познат колоквијално уште како купи ден- продај, во модерната балканска историја беа закопани неколку политичари, кои никогаш не станаа свесни дека станале живи политички мртовци многу пред да седнат на маса и пред странските фактори да го изложат ингениозниот план како единствениот услов да седнат на какви било преговори.

Нивниот главен аргумент секогаш е дека се избрани од народот и само народот ќе ги смени, победиле и победуваат благодарејќи на високиот рејтинг, кој се уште го одржуваат.

Овие денови слушам дека се спроведуваат слични такви анкети низ месециве додека трае бомбашката револуција, во кои неоспорно Заев се уште и сепак заостанува зад големиот Водач, Груевски. Многу ценети и влијателни аналитичари и експерти (некои од нив јавно декларирани како блиски на СДСМ), низ годините се повикувале токму на ваквите резултати од анкетите, во кои Груевски го сомелувал со еден потег Заев, претходно Црвенковски, после што заклучокот, колку аматерски, бил дека опозицијата апсолутно нема што да понуди, во недостиг на јасна програма, но и истрошен, неинвентивен лидер (Црвенковски) или партиски организационо неспособен и нехаризматичен лидер (Заев).

Но, при тоа се заборава само една, многу проста, многу едноставна работа- анкети и рејтинзи во оваа држава немаат никакво значење, не се одраз на расположението, не се вистинскиот индикатор на состојбите, затоа што се работи за една добро разработена и функционална за власта голема пералница на мозоци, која се одржува благодарејќи на фактот што медиумската сцена е обично сопствеништво во целост на Груевски и неговите луѓе.

Затоа што, постојат неколку пресудни фактори: Прво, ако му ја одземете пропагандата на Груевски, односно мејн-стрим медиумите целосно поврзани со власта (традиционалните, телевизиите, кои во Македонија, за разлика од развиениот, демократски свет се на врвот на популарноста, иако новите, Интернет медиуми им окупираат дел од публиката, онаа пообразованата, млада и релативно млада популација и полека им го одземаат приматот) во кои само тој и никој освен тој е застапен со позитивна кампања и глорофицирачко информирање, дел по дел, лушпа по лушпа, му ги соголувате слоевите на популарност.

Второ, одземете ја сега сета негативна пропаганда со која биле соочени Црвенковски (најголемиот виновник за неуспешната, предолга и криминална транзиција), подоцна Заев (странски платеник и шпион, грчки предавник), разоткривањето на вистинското лице на фуриозниот рејтинг продолжува. Исклучете ја тука и црната кампања за Шеќеринска ( како е можно финансиски да е моќна?) и Шилегов (невозможно е со адвокатура да се здобие некој со имот)- добивате ново распаѓање на совршената фасада на непобедливиот со рејтинг Груевски.

Трето, не помалку значаен е фактот што на сите овие гореспоменати опозиционери не им била дадена никогаш, во буквална смисла немале ни најминимална, фер шанса на традиционалните медиуми (про-владини) да ги претстават своите политики, визии (дури и на изборните кампањи нивните минути се далеку помизерни од оние на власта), ниту пак да се соочат на дебата со власта, да ги спротивстават аргументите и стојалиштата и јавноста, граѓаните да се здобијат со вистинска слика за политичарите кои ги претставуваат нивните интереси. Значи, избијте му ги од рака и овие аргументи на Груевски, кога станува збор за неговиот импресивен рејтинг.

Во такви услови, Груевски има безброј причини да инсистира да остане на политичката сцена се додека тој не посака да замине. Неговиот рејтинг се одржува само и само заради фактот што целата популација на државата ја држи во заложништво на една партија, на една личност (големиот Водач), кога граѓаните се целосно заробени во информативен мрак, тотално неинформирани и тоа за најпростиот факт- дека Груевски има конкуренција, дека постои опозиција, не само партиска се разбира, туку и медиумска, невладина, активисти, движења, интелектуална сила, што се аргументи плус во соголувањето на великанот во рејтингот Груевски.

Следниот аргумент секако дека се протестите, маршевите, штрајковите, демонстрациите, со кои огромен процент на населението не е запознаен- со граѓанската непослушност, гнев, отпор. Додадете ги во ова шокантното незнаење и неинформираност кај народот, сега и за бомбите на Заев, лентите кои сосема го разголија и го разоткрија начинот на кој Груевски се здобивал со рејтинг сите овие години.

Го заборавив стравот на огромен процент на населението кога веќе го славиме рејтингот на Груевски? Не, затоа што ако го одземете и тој страв на народот, таа преплашеност дека ќе се изгуби се, дури и животот можеби, веќе на Водачот нема да му остане ништо, дури ни последниот слој од сопствената тесна кожа.

Потоа, изземете го од блескавиот рејтинг на Груевски и тој клиентелизам на дел од граѓаните кои по логиката на нештата би требало да се длабоко поврзани со овчарство или раноградинарство, но наместо тоа се здобиле со високи и важни функции од кои никогаш нема да посакаат да се простат, заради што и претстои опасност дека на следните избори повторно би победила оваа партија на Груевски, доколку политички преживеат дел од сегашниве владејачки елити.

Тоа е таа евтина приказна околу големиот рејтинг на Груевски и мизерниот- на Заев. Апсолутизмот со кој владее Груевски, таа застрашувачка моќ со која ја претвори државава во Голи оток за непослушниците, целото автократско владеење сега е на маса на преговорите, наспроти кој седи Заев и кој не смее да се поколеба околу една работа- моќта и волјата на народот, тогаш, кога Груевски е разголен сосема, до најмалиот атом, барајќи сопствено почесно место во иднината на оваа земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.