Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Либан е слаба држава?

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако не постои силна држава која презема мерки против центрифугалните сили во сопствената земја и сопствените институции, лесно може да се појави олигархиски систем во кој секој си служи себеси,заклучува Шнајдер.

 Керстен Книп

Либанската влада практично нема никакво влијание врз конфликтот што се одвива на нејзина територија. Улогата на армијата ја одразува хроничната слабост на либанската држава.

Израел води „валкана војна“ против Либан, изјави премиерот Наџиб Микати за време на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк што се одржа минатата недела. Израел е одговорен за ескалација на ситуацијата во Либан без преседан, во која беа убиени стотици цивили за само неколку дена, „меѓу кои младинци, жени и деца“, рече Микати. Затоа тој смета на заедничко коминике од Франција и САД, кое би имало меѓународна поддршка и со кое би се ставил крај на „војната“, рече Микати. Израел го отфрла планот.

Говорот покажува дека либанската влада е во голема мера немоќна во однос на конфликтот помеѓу Израел и Хезболах. Таа нема значително влијание ниту врз дејствувањето на Израел, ниту на Хезболах. Деновиве уште еднаш и на особено драматичен начин се покажува хроничната слабост на либанската влада и на либанската држава.

Долга предисторија

Оваа слабост има долга предисторија. „Либан е основан на почетокот на 20 век како држава на христијанските маронити во сојуз со француската заштитничка сила“, објаснува Маркус Шнајдер, раководител на регионалниот проект за мир и безбедност на Блискиот Исток во фондацијата „Фридрих Еберт“ во Бејрут.

Вродениот дефект е во тоа што државата уште од самиот почеток опфаќа големи области со немаронитско население. Конфесионализмот на крајот бил компромис со цел да се интегрираат другите делови од населението. Но, тоа пак го спречи развојот на силна национална држава, појаснува Шнајдер.

Таквата структура беше засилена со либанската граѓанска војна која избувна во 1975 година, во која се соочија трите најголеми верски групи во земјата – шиитите, сунитите и маронитските христијани. По завршувањето на војната во 1990 година, беше имплементиран систем кој имаше за цел да ги балансира интересите на одделните групи. „Но, овој систем доведе до тоа тие постојано да се обидуваат да ги наметнат сопствените интереси на сметка на останатите“, вели Маркус Шнајдер.

Тоа натаму ја ослабува државата што е воочливо и по фактот дека од 2022 година во државата не може да се договорат за претседател“, вели Шнајдер и додава дека таквиот раздор ја условува и широко распространетата корупција. „Ако не постои силна држава која презема мерки против центрифугалните сили во сопствената земја и сопствените институции, лесно може да се појави олигархиски систем во кој секој си служи себеси, заклучува Шнајдер.

Бескрупулозниот Хезболах

Земјата покрај тоа страда и од шиитската организација Хезболах, која е оквалификувана како терористичка од страна на САД, Германија и повеќе сунитски арапски држави. Настаната во 1982 година за време на либанската граѓанска војна, таа од самиот почеток ужива силна поддршка од Иран, пред сè воена. Во 2022 година центарот Вилсон со седиште во Вашингтон го оцени вооруженото крило на Хезболах како „најнасилнички недржавен воен чинител на Блискиот Исток – и веројатно на целиот свет“.

Хезболах го гранатираше Израел по почетокот на војната во Газа минатата есен – без никакви консултации со остатокот од населението во Либан. „Во основа, Хезболах ја зеде како заложник политиката на Либан“, вели експертката за Блискиот Исток, Кели Петило од Европскиот совет за надворешни односи, опишувајќи ги основите на постапувањето на шиитската милиција.

Слаба војска

Слабоста на државата се рефлектира и во пасивноста на либанската армија (Либански вооружени сили, ЛАФ). Таа се соочува со дилема особено во јужен Либан. Врз основа на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, таа таму соработува со мировните сили на ОН (УНФИЛ). Двете групи таму се составени од по 15 илјади војници. Нивното присуство е поврзано со либанската војна од 2006 година, кога Израел окупираше позиции на југот на Либан. Кога еден ден ќе се повлечат, двете вооружени војски треба да соработуваат за да осигураат дека ниту една вооружена либанска милитантна група нема да ги заземе овие позиции. Таму треба да бидат присутни само војници кои имаат овластување од либанската влада. Сепак, Хезболах досега го игнорираше овој договор и и натаму е присутен во регионот.

Воено, либанската армија е релативно немоќна. Во рангирањето на Глобалниот индекс на огнена моќ, кој ја мери силата на националните армии ширум светот, либанската армија е на 118-то од вкупно 145 места. Таа не би можела сериозно да ѝ се спротивстави на израелската армија која е рангирана на 17-то место. Либанската армија не би била во состојба воено да му се спротивстави ниту на Хезболах. „Ова може да го вовлече Либан во граѓанска војна“, оценува Шнајдер.

Најголемиот проблем со кој се соочува либанската армија беше и останува од политички карактер. Со оглед на тоа дека не е под контрола на една верска група, армијата генерално се смета за една од ретките надконфесионални институции во земјата, вели Шнајдер. Но, армијата, се разбира, е заслабена и поради државната и економската криза. Затоа, на пример, за платите добива финансиска поддршка. Зад ова се крие стравот дека колапс на армијата би можел да повлече колапс на државата. Но, армијата не е во состојба да ги реши политичките проблеми на државата, заклучува Шнајдер.

Текстот е сопственост на Дојче веле.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.