Автор: Гералд Кнаус, основач и извршен директор на Европската иницијатива за стабилност
Приказна за моралот – втор дел
Во суштина, приказната за просперитетот и развојот на Финска е приказна за прераспределба на време и внимание. Тоа е приказна за фокус, за тоа како со текот на времето, делумните промени можат да доведат до драматични трансформации.
Финска не е отсекогаш успешна приказна за каква што ја знаеме денес. Овој успех е резултат на визијата на националната политика. Тоа е приказна за неверојатен успех.
“Финска без дилеми може да претендира за еден од најголемите успеси на модерната ера,” вака почнува предговорот на Дејвид Кирби во книгата „Кратка историја на Финска“.
Тој додава:
“Трансформацијата на она што безмалку еден век претставуваше лошо земјоделско земјиште на северната периферија на Европа во една од најпросперитетните држави на Европската унија денес е една извонредна приказна, но тоа воопшто не значи дека приказната е спокојна”.
Фред Синглтон ја започнува својата Куса историја на Финска вака:
“Денес Финците се една од најпросперитетните, социјално прогресивни , стабилни и мирољубиви нации во светот“.
Но, ќе запише Синглтон „домот на Финците од прва воопшто не ветуваше дека може да биде база за една успешна држава“.
Зошто успехот на оваа држава се именува како „неверојатен“? Повеќето пресметки за предодреденоста на успехот започнуваат со епската тема – природата. Фред Синглтон за ова ќе забележи „во текот на историјата Финска не можеше да привлече освојучи или трговци во една далечна земја на езера и шуми со студени зими“.
Со други зборови, природните богатства не можат да објаснат зошто Македонија е полоша од Финска денес. Ниту, пак, климата. Финска има долги, темни и студени зими. Тогаш морето, главниот начин на транспорт, замрзнува во 90 проценти па мора вештачки да се одрзмнува за да може да биде функционално. Оваа клима претставува сериозно ограничување во земјоделството. Во северниот дел снегот ја покрива земјата дури 22 дена.
Успехот не е ниту прашање на суровини. Во споредба со своите соседи, Норвешка и Русија, Финска има ограничена природни ресурси, настрана шумите од бор и смрека кои покриваат половина од територијата. Поради студот, овде се е поскапо – од изградба на транспортни мрежа до фабрики за греење. Во 1918 година Финска уште беше првенствено земјоделски општество. Половина од нејзиниот БДП добиени од земјоделството. Повеќето не-земјоделски активности се фокусирани на дрво и пулпа.
А геополитиката? И дали балканските нации не се подеднакво „проколнати“ со својата географија?
Всушност, и геополитиката во Северна Европа во 20 век не е баш за оние со слабо срце. Со векови контролата врз Јужна Финска е од стратешко значење во големите борби за власт: помеѓу Шведска и Русија во 19 век; помеѓу Германија и Советскиот сојуз во 20 век.
Финците, исто така, се соочуваат со уште еден предизвик познат на балканските народи: јазичен конфликт. Со векови па до модерната ера, финскате елита зборуваше шведски. Финска икона од 20 век, генералот Густаф Манерхајм или финскиот ататурк – зборуваше многу подобро шведски од фински. На Финска и треба време за нејзината култура да биде признаена дури и од своите наблиски соседи, Швеѓаните.
Финците добиваат еднаков статус во администрацијата со Швеѓаните единствено во 1863. Кога еден барон во 1884 година на имот на благородништвото ќе се обрати на фински, тоа ќе предизвика сеопшт бес. Во 1880 помалку од една третина од училиштата се на фински јазик. Во 1900 тие се само две третини.
Реалноста на неодамнешното економско минато на Финска почива на длабока сиромаштија. Финците се соочуват со катастрафални времиња на глас во 1860 од кој што стотици илјади умираат. Слоганот по кој се живее во 1860 гласи „Природата го истура бесот врз нашиот народ. Емигрирај или умри!“ На почетокот на 20 век Финска е дом на земјоделци без земја и безимотни работници. почетокот на 20 век Финска беше дом на многу станари земјоделците и Безимотните работници. Во 1910 година повеќе од половина од фармите се помали од пет хектари, односно помали од минимумот со кој според прописите на Сенатот може да добијат субвенции. Ова ги потхранува политичките тензии и ги зголемува фрустрациите. Финските сиромашни селани се подготвени да ја излеат одмаздата кон побогатите земјоделци, па сето ова води до граѓанска војна веднаш по независноста во 1917 година.
Историјата на раната финска демократија е во знакот на конфликтите. Веднаш штом станува независна од руската импреија, Финска се втурнува во граѓанска војна помеѓу „Црвените“ и „Белите“. Исходот од војната само потврди дека германските трупи неминовно доаѓаат во Хелсинки. По инвазијата од страна на Русија во 1939 година, Финска беше принудена да ја отстапи територијата на посилниот сосед и да прифати поместување на 400.000 бегалци од Карелија. Потоа следи катастрофалниот сојуз на финската демократија со германските нацисти кога заедно се втурнуваат во „света војна„ за завземање на Карелија. Ова доведе од друга загуба на советсктите војници во 1944. Следи уште една војна против германските војници во Лапонија. На овој начин, во правата половина на 20 век Финците се бореа во три војни.
По втората светска војна Финска мораше да плати огромни репарации кон Советскиот сојуз. Повоена Финска беше принудена да расели стотици илјади, а остана и надвор од маршаловиот план и не доби американска помош. Финска дури не се ни приклучи кон Советот на Европа се до мај 1989 година.
По втората светска војна или непосредно пред навидум невозможната трансформација на грдото пајче во величествен лебед, финските лидери решаваат да ги напуштат сите поголеми геополитички аспирации. Тие се откажуваат од таканаречениот “Концепт на Голема Финска.” Нивните лидери сега го дефинирани финскиот национален карактер преку прагматизам. Манерхајм, генералот кој тогаш станува претседател, го предводеше патот:
“Манерхајм сфати дека Финска веќе не би можеле да биде бастион за судирите помеѓу христијанската цивилизација и варварските орди на болшевизмот. Немаше повеќе простор за крстоносните војни против исконските непријатели. Наместо тоа, имаше трезвени благодарност за тоа што ако Финска требаше да преживее и да успее како едно демократско општество, тогаш мораше да најде начин мора да опстојува во мир со џиновскиот источен сосед”, ќе забележи авторот Синглтон во книгата.
Синглтон ќе ја опише оваа точка на пресврт како вртење грб на романтичниот национализам.
Финска мораше „да се соочи трезвено и без илузии со мрачната вистина дека единствениот пат кој опстанокот води во обратна насока од оној кој претходно го следеа. Романтичниот национализам од 19 век кој одигра витална улога во формирањето на финскатa нација повеќе не можеше да понуди ниту комфорт ниту поддршка“
Сега финските елити се фокусирани на растот, и покрај несигурното геополитичко соседство. Земјата систематски ги развива своите компаративни предности од дизајнирање на апарати за домаќинство до развивање дрвни продукти. Синглтон ќе забележи:
„Емерсон сигурно би можел да мисли на Финска кога рекол дека „ако човек може да ја напише подобрата книга или да направи подобра стапица за глувци од неговиот сосед, тој, дури и ако ја изгради својата куќа длабоко во шумата, светот ќе бетонира патека до неговата врата“.
Клучно за една од „подобрите стапици за глувци“ е финскиот образовен систем сам по себе. Во 1952 година 9 од 10 Финци имаат завршено само основно образование (7 или 9 години). Кон крајот на 1970 три четвртини од возрасните Финци имаат завршено само базична форма на образование. Финска беше извозник на работна сила се до 1980 кога бројот на Финци кои работат во Шведска изнесуваше 750.000 луѓе или најголемата емигрантска заедница во таа држава.
Да се образоваат луѓето најдобро што може, да се позајмуваат најдобрите идеи од другите и да се мотивираат луѓето во воспитно-образовниот процес….сето ова е центарот на финскиот идентитет. Класичната финска литература е интерпретирана токму во ова светло. Финската национална приказна е приказна за триумфот на образованието над сиромаштијата, триумф на умот над материјата. На наставниците во основните училишта се гледа како на носители на националните идеи. Тоа е наратив граден на морална бајка. Дури и финското национално движење од 19 век е интерпретирано низ образованието. Дури и на приказната од финскиот национален еп „Калевала“ се гледа како на славење на менталната агилност. Првата финска новела „Седум браќа“ е четиво кое ја слави вредноста на учењето.
Една симболична не-херојска приказна за креативноста насочена кон подобрувањето на животот доаѓа од учителката Маију Гебхард. Таа пресметала дека финските домаќинки поминуваат 30.000 часови од животот во перење и сушење на садови или еднакво на 3.5 години од нивниот живот. Така таа го измисли плакарот за сушење алишта кој денеска е инсталиран во секој фински дом. Финската фондација за иновации ова го смета за еден од најзначајните фински изуми на милениумот.
Креативност и секојдневен живот
Всушност, финската приказна е како бајките – од партали до богатство. Како детските приказни за обичните луѓе кои се отпишани од сите како помалку вредни, а кои одеднаш застануваат под светлото на сцената и се испоставува дека се исклучителни.
Се уште не знам многу за Финска, но чувствувам дека нивната приказна вреди да се раскажува на Балканот. Во овој пост-хероичен наратив на една малечка земја, образованието се смета за тајната состојка на националната трансформација, еквивалент на спанаќот кој го трансформира Попај морнарот или магичната ламба на сирачето Аладин.
Тука е и централната лекција која нема ништо заедничко со бајките. Штедење на време и напор преку едноставни изуми за секојдневниот живот, креирање елегантна керамика за домаќинствата, промислување на сите аспекти на образовниот систем – сето ова бара време, но и уште повеќе внимание. Фокус. Фокус од страна на лидерите, интелектуалците и обичните луѓе.
Скопје 2011
А сега погледнете го Западен Балкан низ призма на раниот 21 век.
Погледнете ги нештата со кои се опседнати лидерите во Скопје. Големи престижни проекти на кои се фокусирани нивното време и внимание.(Да, некој можеби ќе рече „ете и тие позајмуваат нешто од соседите Грци, но, сепак, модерна Грција не е Финска со причина).
Погледнете ги нештата за кои дискутираат интелектуалците, академиците и политичарите во Босна и Херцеговина. Многу ретко тие дебати се за „правање подобра стапица за глувче“, а многу повеќе – ако постоеја бајки ние ќе имавме нов устав и сите одеднаш ќе бевме среќни.
Погледнете како се насочени времето, енергијата и парите на Косово. Колку споменици на војници се направија…а колку се направија библиотеки каде што би можеле да се образоваат идните генерации?
Веројатно сега можеме да дадеме одговор на прашањето зошто Македонија не е Финска. Недостига национален наратив кој ќе го слави прагматизмот, обичниот човек, образованието и просветителите како нациоални херои на иднината. Македонија застана онаму каде што беше Финска пред еден век во однос на зајакнувањето на позицијата на жената. Македонија не бега од националниот романтизам, туку напротив, се уште го слави.
Еден ден на Западен Балкан ќе се појават лидери со кои ќе се гордееме, лидри кои ќе градат музеи на науката и дизајнот наместо храмови на мртви воини и бандити. Но, кога ова ќе се случи, останува да видиме.
На овој линк прочитајте го првиот дел од текстот „Зошто Македонија не е Финска“