Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто НАТО денес е повеќе релевантен отколку што беше пред 30 години

0
By Нова ТВ on September 3, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фото: Лорд Хастингс Лајонел Исмеј

Автор: Патрик Винтур, уредник за политика, Гардијан

Последниот пат кога Обединетото Кралство беше организатор на еден НАТО Самит беше 1990 година, кога Маргарет Тачер беше премиер, студената војна беше на крајот и алијансата не беше сигурна за сопствената релевантност во мултиполарниот свет каде што “меката моќ” можеби вредеше повеќе од “тешката моќ”.

Старата теза за целите на НАТО искажани од првиот генерален секретар Лорд Исмеј – “да се држат Русите надвор, а Американците внатре” – изгледаше безнадежно застарена. Русија се преобрази во држава со која Западот почувствува дека може да соработува.

Четврт век подоцна, преземените чекори на Путин, а уште повеќе застрашувачките нови закани поставени од Исламските милитанти, му дадоа на НАТО нова причина за живот.

Всушност, НАТО е толку значаен што најважната задача на Дејвид Камерон како претседавач на самитот во Велс е да обезбеди атмосфера во која агендата нема да се распарчи по рабовите.

Разговорите ќе бидат во широки размери, од руското напредување во Украина и нивните освојувачки закани за Балтикот, повлекувањето на НАТО од Авганистан следната година, можноста за пошироки воздушни напади на алијансата во северен Ирак против Исламската Држава (ИСИС), потребата НАТО да создаде реални сили за брза реакција во Европа како и да се одговори на заканите од хибридното војување и тероризмот.

Камерон потврди дека кризата наметната од ИСИС – која стана уште позначајна со последното обезглавување и заканата кон британски државјанин – ќе биде дискутирана и на работната вечера во четврток вечер, а потоа повторно и во петок кога 28. членки ќе разговараат за асиметрично војување, и како да се одговори на заканата од тероризмот.

Британската влада се надева дека со разговорите на официјалната вечера, или на маргините на самитот, ќе се открие повеќе за размислувањата на Барак Обама за справување со ИСИС не само во Ирак, туку и во Сирија.

Камерон изјави дека ги поддржува моменталните воздушни напади на САД – кои ја надминаа бројката од 130 – и “ќе продолжи да го поставува прашањето за тоа како можеме ние во Британија најдобро да го следиме нашиот национален интерес и како да им помогнеме на луѓето кои прават најголеми напори во борбата против ИСИС.

Владата на Даунинг стрит 10 е сигурна дека постои правна основа за учество во воздушните напади, или за олеснување на американските напади, но е загрижена за пошироката политика.

Минатото лето Камерон постави црвена линија по повод хемиските напади на Башар ал Асад во Сирија и мораше да ги гледа неговите членови на Парламентот како ја претворија таа линија во прашина, која го направи да се почувствува безумен и бесен. Тоа е демократска одлука која сеуште ја дефинира надворешната и одбранбената политика на Обединетото Кралство.

Приватно, Камерон сеуште очекува јасно да слушне кое е стратешкото размислување на колебливиот Обама.

Впрочем, некои личности околу премиерот губат трпение со методолошката претпазливост на претседателот, иако прифаќаат дека нема лесни опции.

Не се очекуваше – особено не пред денешните грозоморни настани – дека Обама ќе побара проширување на акцијата со бомбардирање во Сирија. Америка нема доволно разузнавачки информации за силите на ИСИС во Сирија и на влијанието на било каков напад на западните заложници кои се во рацете на ИСИС. НАТО членките исто така треба да ја проценат мудроста за нивното учество во бомбардирањето на противниците на претседателот Асад.

Но доколку Камерон дојде до момент на нетрпение кон Обама, ќе ги изгуби преостанатите илузии за Владимир Путин, човек за со кој во еден момент веруваше дека има развиено искрен и вреден дијалог.

Поради тоа, оваа недела тој го нарече Путин лажго, велејќи: “Доказите беа огромни и видливи дека руските трупи со руска опрема се на украинска територија.”

Целата негова реторика за Минхен 1938 и потребата за избегнување на помирување, Камерон акцентот во Украина го става на економската сфера, а не на воената, кажувајќи дека тој се наоѓа “на чело на тие кои расправаат за пошироки санкции”. Неговата последна цел како дел од третото ниво на санкции на Европската унија е бојкот на рускиот конзорциски кредитен пазар, вреден повеќе од 45 милијарди долари.

Тој инсистира дека економските санкции функционираат, бидејќи Русија сега е во негативен раст, и вели дека на Русија и требаат Америка и Европа повеќе отколку што нив им треба Русија. “Мораме да направиме таа врска да се исплати и да се одвива понатаму,” вели тој.

Но, Камерон, во манир на политичка солидарност, го покани украинскиот претседател, Петро Порошенко на самитот, и Британците вчера најавија дека ќе испратат свои трупи во Украина, која не е член на НАТО, во наредниот месец за да земат учество во можните воени вежби.

И покрај тоа што Украина не е член на НАТО, таквите вежби ќе испратат значаен сигнал до Москва. Но, и Германија и Британија одбија да испратат оружје за украинската влада или бродови во Црното море за да се спречат понатамошните руски напади.

Камерон исто така е цврсто решен на самитот да се даде до знаење дека НАТО е “крајно
решен” да блокира било каков обид на Русија за повторување на тактиката за дестабилизација на Балтичките држави Естонија, Латвија (Летонија) и Литванија – кои се членки на НАТО и на ЕУ.

Иако се мали, трите Балтички држави придонесуваат релативно многу за НАТО. Естонија е регионалниот лидер во одбранбени работи и моментално е една од само четирите држави членки на НАТО кои ги употребуваат потребните 2% од бруто домашниот производ за одбрана, препорачано од НАТО.

Сите три држави испраќаат трупи во Ирак и имаат трупи кои се борат во Авганистан. Естонските трупи дејствуваат во провинцијата Хелманд во јужен Авганистан, еден од најопасните региони во државата.

Јасен сигнал ќе биде испратен, Камерон ветува дека НАТО е смртно сериозен во однос на исполнување на неговите задачи за меѓусебна самоодбрана за државите на НАТО, според член 5, вклучувајќи и прераспоредување на НАТО трупите.

“Многу е важно како Русите гледаат на држави како Естонија, Латвија (Летонија) или Полска, да не гледаат само Естонски, Латвиски или Полски војници – тие гледаат Француски, Германски или Британски војници исто така,” вели тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.