Документарниот филм „Зошто не јас?“ претставува шест млади луѓе кои ги раскажуваат своите успешни приказни за градењето кариера во Македонија.
Дел од нив, своето образование го стекнале надвор од земјата и потоа се вратиле во Македонија да создадат своја компанија, додека останатите решиле да се обидат да направат нешто свое со образованието и знаењето кое го стекнале во земјава.
Сите тие имаат меѓу 20-30 години и во својата област работат неколку години. Своите приказни во филмот ги споделија: Илина Нешиќ од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество, Дамјан Дано основач на компанијата IWM Network, Артон Лена од брокерска куќа Еурохаус А.Д, Ненад Антонијевиќ претприемач, Илир Сабриу и Алтрим Асани основачи на Unixi group.
Филмот е поддржан од програмата на мали грантови на Американската амбасада во Македонија.