Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто постои опасност Крим да стане новото боиште во Украина?

0
By Нова ТВ on February 28, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

После револуцијата во Украина, во која про-западно ориентираните Украинци ја земаа власта од рацете на претседателот Виктор Јанукович, постојат стравови дека јужниот регион Крим може да стане новото боиште помеѓу силите лојални на Украина и Русија, се вели во анализата на BBC .

Неодамна вооружени лица подигнаа знамиња на владините згради потенцирајќи дека „Крим е Русија“, додека сепаратистите и про-украинските групи се судрија на улиците.

Зошто е Крим невралгична точка

Крим е центар со про-руско чувство, кој може да се слее во сепаратизам. Регионот – полуостров на брегот на Црното море во Украина, кој има околу 2.3 милиони жители, а повеќето од нив се идентификуваат како етнички Руси и го зборуваат рускиот јазик.
На претседателските избори во 2010 година, регионот на големо гласаше за Виктор Јанукович, и многу луѓе оттаму веруваат дека тој е жртва на пуч, што резултираше со обиди на сепаратисти во кримскиот Парламент, да гласаат дали регионот треба да ја напушти Украина.
<Поделбата на Украина

Русија е доминантна сила во Крим повеќе од 200 години, откако го припои регионот во 1783 година. Сепак беше отстапен од Москва во Украина (тогаш дел од Советскиот сојуз) во 1954 година. Некои од етничките Руси на тоа гледаат како историска грешка.

Сепак, уште едно значајно малцинство, Муслиманските кримски Татари, тврдат дека некогаш тие биле мнозинството во Украина, и дека биле депортирани од Сталин во 1944 година поради наводна соработка со нацистите во Втората светска војна.

Според пописот во 2001 година, 24 % од населението било етнички Украинци, додека 58 % биле Руси а 12 % Татари. По падот на Советскиот сојуз во 1991 година, Татарите се враќале во Крим, предизвикувајќи тензии со Русија околу правата за земјиштата.

Тој легално останува дел од Украина, статус за кој Русија даде поддршка кога вети дека ќе го почитува територијалниот интегритет на Украина, со потпишан меморандум во 1994 година, на кој потпис ставија и САД, Велика Британија и Франција.

Се работи за автономна република во Украина, која самата избира свој Парламент. Сепак, местото на претседателот на Крим беше укинато во 1995 година. Сега има и претседателски претставник, и премиер, но и двајцата се бираат од Киев.

Што се случуваше во минатото

Русија истите оправдувања ги користеше кога испрати војска во регионот на Јужна Осетија во Грузија во 2008 година, кога се обидуваше да ги истера грузијските сили кои сакаа да ја вратат контролата над регионот.

Но Крим е поголем од Јужна Осетија, Украина е поголема од Грузија, а кримската популација е повеќе поделена отколку Јужна Осетија – со што руската интервенција во Украина претставува и поголем ризик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.