Лилјана Наскова – демонстрантка на Шарената Револуција и дипломиран правник по професија во кратко интервју за НОВА зборува за личните мотиви зошто е на улица, за односот на власта кон демонстрантите, за злоупотребите преку спомениците и за тоа зошто граѓаните треба да излезат на улица.
-Најмногу ми е криво што го злоупотребија ликот на вистинскиот македонски народ, на Гоце Дечев, Даме Груев, Јане Сандански, затоа што сите сме сентиментално поврзани со нив и они го злоупотребија тоа до бескрај…Верувам дека народот и правдата ќе победат и затоа излегувам секој ден, а ако не победи народот, тогаш заслужуваме сето ова што ни се случува, вели Наскова.
Погледнете го видеото.