Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Јакимовски Институтот бил куп даски кои преку ноќ можат да изгорат

1
By Нова ТВ on April 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за социолошки и политичко-правни студии кој денеска изгоре, бил најпрво избришан од урбанистичкиот план на Општина Карпош, по што веднаш бил поднесен приговор, зад кој застанал и претходниот ректор, Велимир Стојковски. Овој приговор резултирал сепак со враќање на Институот во урбанистичкиот план.

Проф. Емилија Симоска за НОВА изјави дека на овој инцидент му претходело без никакво предупредување уништување на целата архива,  со тоа што била урнат магацинскиот простор кој била надвор од Институтот, во која се чувале документи и книги на оваа институцијата. Полицијата се уште води истрага за овој случај, иако вработените се сомневаат дека зад овој акт стојат официјални претставници.

-Во општината Карпош при разговорите со градоначалникот Стевче Јакимовски со моите колеги, им било соопштено дека ние работиме во даски кои преку ноќ можат да изгорат- оваа изјава ми беше пренесена од вработените во Институтот, вели Симоска.

Институтот е опкружен со градби кои пред некоја недела беа срушени и сега во тек се интензивира градбата на нови објекти.

Професорката Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања вели дека е симптоматично тоа што токму овој период избил пожар во бараките на Институтот. Таа во изјава за НОВА ТВ вели дека пред три дена веднаш до нивните бараки почнало изградба на објект, а тие веќе извесен период со општината се расправаат околу тоа, дали тука треба или не треба да се градат нови објекти.

„Оваа ситуација е малку симптоматична. Најпрво се запалија бараките на поранешниот Завод за урбанизам, кој сега е во стечај, а пожарот се префрли и на нашите бараки. Не ми е јасно како толку пожарникарски возила не можат да го изгасат пожарот. Се е изгорено и библиотека и архива. Искрена да бидам, се ова мене ми е малку симптоматично. Пред три дена, веднаш до нас почна изградба на нов објект, а ние подолго време се објаснуваме со општината дали на оваа локација, треба да има нова градба“, вели Најчевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.